Југославија имаше свој Одисеј – Беким Фехмиу
Деновиве многу се зборува за најновиот филм на Нолан – Одисеја, но ретко кој памети дека многу критичари ја сметаат серијата од 1968 година, во која главниот лик го толкуваше Беким Фехмиу, за најверна адаптација на Хомеровиот еп.

Преведена и како „Авантурите на Одисеј“, мини-серијата од осум епизоди заснована на Хомеровата Одисеја, првпат емитувана на италијанската телевизија RAI во 1968 година. Серијата е снимена во копродукција на Италија, Франција, Западна Германија и Југославија, а ја режирал Франко Роси, на кого му помагале Марио Бава и Пјеро Скивакапа. Беким Фехмиу како Одисеј и Ирена Папас како Пенелопа, додека споредните улоги, меѓу другите, ги толкувале Самсон Берк, Барбара Бах и Рено Верле.

Екстериерите се целосно снимени во Југославија, која нудела пејзаж сличен на земјите од античка Грција, во соработка со загрепската филмска компанија Јадран Филм.
Актерска легенда
Фехмиу беше актерска легенда и во Југославија и во странство, појавувајќи се во над 40 филмови. Глумеше во филмот од 1967 година познат како „Собирачи на пердуви“ во Југославија, заедно со Оливера Катарина, во кој се претставува животот на Ромите во покраината Војводина во Србија, кој ја освои наградата на жирито на Канскиот филмски фестивал.
„Овој филм му ги отвори вратите низ целиот свет”, се сеќава вдовицата Петриќ-Фехмиу со кого имаше два сина. „Кога се врати од Кан, беше пречекан како херој. Цела Југославија беше среќна за успехот на филмот”. Фехмиу тогаш имаше 31 година, а се ожени со Петриќ-Фехмиу, една година подоцна.
На екранот, Фехмиу играше улоги на различни места и јазици, но никогаш на албански. Но, Петриќ-Фехмиу вели дека Фехмиу не го потиснувал неговиот идентитет.
„Тоа не треба да се гледа како презир”, вели таа за неговото непојавување во филмовите на албански јазик. „Тој е апсолутно Албанец. Но, вие заборавате дека во тоа време сме биле во Југославија. Тој им припаѓаше на сите“.
„Кога почнавме да гледаме кој е што, се случи, тоа што се случи”, вели Петриќ-Фехмиу, осврнувајќи се на распадот на Југославија.
Далеку од тоа дека го презираше неговото потекло, кога голем број луѓе во филмската индустрија побараа Фехмиу да го промени своето име, тој одби.
„Три пати го побараа тоа од него, но тој не прифати”, вели таа, потсетувајќи се што се случило кога Фехмиу го снимал американскиот филм од 1970 година под наслов „Авантуристи”.
„Снимањето престана и Беким им рече дека нема да го промени своето име, и ако не им се допаѓа, може да го сменат актерот. На крајот, тие попуштија”.
Беким Фехмиу имаше долгогодишен договор со италијанскиот режисер Дин Де Лаурентис, а соработуваше со и со Џон Хјустон, Оливија де Хавиланд, Ава Гарднер, Дирк Богард, Шарл Азнавур и други.
Се обиде и во американската кинематографија, но не беше добро прифатен од американската публика. Според некои критичари, тој не ја одигра добро својата улога во американскиот филм „Авантуристи“ (1971), што наводно му ги уништило шансите да се пробие во Холивуд.
Фехмиу беше еден вид секс-симбол. Во некрологот, британскиот Дејли телеграф, ги истакна неговите „младешки освојувања и познанства со Брижит Бардо и Ава Гарднер”.
„Тој замина такакако што живееше“:
Во јули 2010 година, Фехмиу му стави крај на својот живот, самоубивајќи се со револвер. Според неговиот тестамент, пепелта беше фрлена во реката во Призрен, во Косово, градот каде што помина поголемиот дел од детството по неговото раѓање во Сараево.
„Тој го заврши својот живот на начин на кој што го живееше”, вели Петриќ-Фехмиу. „Тој беше решителен и никогаш немаше сомнежи”.
Истата решителност претходно го наведе да го напушти театарот во 1987 година. Тој во тоа време играше во претставата „Мадам Колонтајн“во Белград. Од тој момент, никогаш не се појави во театарот.
„Го фрли сидрото и тоа беше тоа. Готово”, вели Петриќ-Фехмиу. „Во тоа време, во 1980-те години, започнуваше целата антиалбанска пропаганда [во Србија за време на Слободан Милошевиќ]. Тој го напушти театарот, а во 1990-тите, и неговата меѓународна филмска кариера”.