Предизвиците и плановите на општините пред Генералното собрание на ЗЕЛС


Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа  (ЗЕЛС)  денеска ќе одржи седница на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините и активностите на ЗЕЛС во делот на лобирањето за идните заложби на развој на локалната самоуправа.

На втората седница на Генералното Собрание на ЗЕЛС ќе бидат  разгледании  извештаи од работењето на ЗЕЛС.

Највисокото тело во ЗЕЛС – Генералното собрание, има вкупно 90 делегати, сите градоначалници во земјава и 9 члена на Комитетот на советите при ЗЕЛС, тело при ЗЕЛС составено од општински советници. 

За исходот од седницата во изјава за медиуми ќе информира претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.