Полски параглајдерист пронајден неповреден на планината Даутица


Над Стровија (Фото: Б. Богдановска)

На непристапен терен на планината Даутица, во раните утрински часови бил пронајден 35-годишен параглајдерист од Полска, кој претходно пријавил дека слетал на непознат терен над селото Стровија.

Тој вчера во 20:30 часот пријавил во СВР Битола дека по слетувањето долго пешачел и дека е изморен, но не е повреден.

 

 

По преземените мерки, околу 03:00 часот на 17 август, полициски службеници од Полициското одделение Ропотовo и Полициската станица Прилеп го пронашле параглајдеристот на непристапниот терен.

Тој бил во добра здравствена состојба и бил пренесен до местото каде што престојувал.