Трамп се закани дека повторно силно ќе го нападне Иран


Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна:

– Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп.

Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на тоа“.

Трамп претходно го обвини Иран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во близина на брегот на Оман.

– Вчера силно ги нападнавме и денеска повторно силно ќе ги нападнеме, во случај да сте пропуштиле, во случај да не сте го вклучиле телевизорот, наведе Трамп.