Во Собранието работилница „Градење на доверба во управување со јавниот долг
Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Република Северна Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност”.
Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска Банка во Република Северна Македонија, а ќе учествуваат членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Северна Македонија.