Во понеделник ќе се знае дали ќе има нови мерки за дизелот и за бензините, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денска изјави дека во понеделник ќе се знае дали Владата ќе интервенира дополнително кај акцизите и ДДВ за нафтените деривати. Тој рече дека е добро што цената на нафтата на светските пазари се стабилизира и дека врз основа на тоа следната недела очекува значајно намалување на цента на дер

„Знаете дека на две недели се анализраат акцизите. Сега завршува втората половина на месецот, така што во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот и врз основа на тие параметри ќе се делува на ценнте на нафтените деривати“, рече Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите за време на неговата посета на Општина Илинден,

Тој додаде дека е добро што два дена по ред цената на нафтата паѓа.

„Денеска се стабилизира некаде 85-86 долари за барел, така што следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините. Но, она што е важно, е дека ова е берзански производ, сите ние државите купуваме од исто место, а ние како држава имаме убедливо најнисјка цена на дизел горивото и на безоловниот бензин во регионот, па и во Европа“, рече Мицкоски.

На прашање дали Владата ќе носи дополнителни мерки, односно да интервенира кај стапката на ДДВ за дериватите, тој повтори дека се чека да се затвори периодот од две недели.

„Веќе еднаш интервениравме со акцизите, сега чекаме да се  заокружи 31 јули, втората ополовина на месецот, таков е законот, и дури потоа да носиме диополнителни мерки“, рече Мицкоски.