Промоција на АРБУ – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион


Во Стопанската комора на Северна Македонија денеска од 11 часот ќе се одржи презентација на АРБУ (ARBU) – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион, како и претставување на извештаи за состојбата на високото образование и научно-истражувачката дејност.

Пред присутните ќе се обратат претседателот на АРБУ, Марјан Бојаџиев, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, како и повеќе домашни и меѓународни експерти, меѓу кои Христина Серафимовска, Ивица Пуљак, посочен како еден од водечките научници во регионот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, како и Марија Василевска, меѓународен експерт за квалитет во високото образование.

На настанот се очекуваат обраќања и од д-р Сашко Кедев и д-р Веланд Рамадани.

АРБУ е иницијатива чија цел е да обезбеди релевантни и споредливи податоци за универзитетите во регионот, наменети за академската заедница и студентите, со што се очекува да се придонесе за поголема транспарентност и поттикнување на научната продуктивност.