Дел од општина Центар и неколку скопски села без струја


Дел од корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и останати објекти денеска од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во период од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно Соње лоцирани на улиците „6“, „8“ и „12“, а од 9:00 до 15:00 часот и дел од крисниците од селата Мирковци и Горно Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снбдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.