Конференцијата за дигитална трансформација на Западен Балкан во Скопје
Во Скопје денеска и утре ќе се одржи регионалната конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за сајбер простор и дигитална политика при Стејт департментот.
Настанот што ќе се одржи во хотелот „DoubleTree Hilton“ денеска ќе го отворат вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
На затворањето на конференцијата утре е предвидено обраќање на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
Целта на конференцијата е да обезбеди платформа за дискусија за можностите и предизвиците во дигиталната трансформација на Западен Балкан, со акцент на зајакнување на регионалната соработка, унапредување на дигиталните политики и промовирање безбедни и отпорни дигитални екосистеми.