Макрон ја крева рампата за Македонија и Албанија за пристапни преговори со ЕУ


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе им овозможи на Северна Македонија и на Албанија да ги почнат разговорите за пристапување во Европската унија доколку следниот месец извештаите на Европската комисија за двете земји бидат позитивни, јави Ројтерс. Макрон ова го изјави на 56. Минхенска безбедносна конференција, со што навестува дека ќе го одмрзне напредокот […]

Жителите на Дебар и на Маврово-Ростуше ќе гласаат во петтата Изборна единица


Граѓаните на општините Дебар и Маврово-Ростуше на наредните предвремени парламентарни избори ќе гласаат за кандидатите во петтата Изборна единица, намето во шестата како досега. Вака одлучија пратениците во Собранието, кои рано утрово со 75 гласа „за“, ги изгласаа измените и дополнувањата на Изборниот законик, како и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на […]

Мизрахи не истурка ниту половина од 100 дена на техничката влада


По 44 дена министерување во техничката влада, министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи рано утрово, беше разрешена од функцијата. По шестчасовни тешки и мачни препукувања помеѓу власта и опозицијата, Собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот доставен од премиерот во техничката влада, Оливер Спасовски, кој тоа го побара откако […]

Васил Гарванлиев на Евросонг 2020 со песната „You“!


По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „You“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 […]

Спасовски ја обвини Мизрахи дека намерно го крши Уставот за партиски цели


Пратениците во Собранието доцна вечерва ја почнаа расправата по предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Оливер Спасовски во образложението информираше дека побарал разрешување на Мизрахи од функцијата министер за труд поради серија јавни настапи на кои таа грубо го прекршила Уставот и законите, кои се однесуваат […]

Заврши дебатата за законот за јавно обвинителство, ќе се гласа дополнително


По целодневна жестока дебата вечерва во Собранието заврши дискусијата за Предлог-законот за јавно обвинителство. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата даде пауза од еден час за да може координаторите на пратеничките групи да се договорат кога ќе биде гласањето за Предлог-законот за јавно обвинителство. Се уште е неизвесно кога ќе се загласа за […]

СДСМ не отстапува од намерата Мизрахи да биде разрешена


Иако до крајот на собраниската расправа за Предлог-законот за јавно обвинителство има уште помалку од 30 говорници, според собраниски извори, се очекува попладнево да почне дискусијата за разрешување на министерката за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека СДСМ нема да отстапи од намерата министерката Мизрахи да […]

Фиат привремено го сопре производството во Србија поради вирусот во Кина


Компанијата „Фиат Крајслер“ соопшти дека привремено ќе го прекине производството во Србија поради нарушување на снабдувањето во Кина, јавија светските агенции. Ројтерс извести дека причината за ваквиот потег е „достапноста на одредени компоненти произведени во Кина“. Компанијата соопшти дека производството ќе го продолжи кон крајот на месецот. „Аутомотив њус Јуроп“, повикувајќи се на агенцијата Блумберг, […]

Независните пратеници со фронтален напад кон поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ


Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска, бранејќи го Предлог-законот за јавно обвинителство, влезе во отворен конфликт со поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Кој е виновен за настаните на 27 април, кој ги насочувал насилниците тој ден, кој го упропастува ВМРО-ДПМНЕ и кој работи по налог на Мијалков беа само дел од темите на кои се конфронтираа […]

Ќе се средува хаосот на паркинзите зад Зелен пазар


Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар, во март ќе го уреди дивиот паркинг позади Зелен пазар кој моментално е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар. На средбата меѓу градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, со директорот на […]

Македонските директори поголеми оптимисти од колегите во светот


Македонските менаџери се поголеми оптимисти за идниот економски раст во однос на извршните директори во светот, покажува глобалното истражување на „Прајсвотехаус Куперс“. Така, додека само 22 отсто од директорите на глобално ниво сметаат дека економскиот раст ќе се зголеми, кај нас тоа го очекуваат дури 40 отсто од анкетираните менаџери. Исто така, додека само 26 […]

Цукерберг се согласи Фејсбук да плаќа повеќе даноци во странство


Марк Цукерберг, главен извршен директор на Фејсбук, прифаќа дека неговиот гигант за социјално вмрежување може да плати повеќе даноци надвор од Соединетите Држави, како дел од глобалното промена на тоа како технолошките гиганти плаќаат даноци, според извадоци на забелешки што ги виде „Политико“ од говорот што тој ќе го даде в сабота. Говорејќи на Конференцијата […]

Дескоска се откажала од говорот за да заштеди време и да не предизвика лавина реплики  


Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, на денешната собраниска седница на која почна расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство, се откажала од збор за да заштеди време и да не предизвика реплики од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото образложение таа го даде преку својот Фејсбук профил, откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од собраниската говорница ја […]

Собраниската седница за Предлог-законот за јавно обвинителство почна со пауза


Собраниската седница на која на дневен ред е Предлог – законот за јавно обвинителство, не стигна ниту до општиот претрес – на барање на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, беше дадена пауза од еден час. Причината е што министерката за правда Рената Дескоска не излезе на говорницата да го образложи владиниот предлог. „Доколку министерката за […]

Изборите станаа понеизвесни од законот за јавно обвинителство


„Ставот на СДСМ за распуштање на Собранието е јасен – прво да се донесат сите законски решенија што се договорени и кои што се важни за иднината на земјата. Законите мора да бидат донесени пред распуштање на Собранието“, изјави утрово премиерот Оливер Спасовски, кој беше во посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Оваа негова  изјава […]

„Треска“ нема да биде парк, но не смее да стане ниту бетонска џунгла


Просторот на некогашната фабрика „Треска“ во Скопје нема да стане парк, како што сакаат граѓаните, но не смее да стане ниту бетонска џунгла, како што посакуваат сопствениците на парцели. Уредувањето на просторот деновиве е жешка тема во јавноста, која преку Советот на Општината Центар бара таа да се уредува на конкурс. Точката веќе двапати се […]

Шилегов сака Скопје да е зелен град


„Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето на чиста и здрава животна средина, изјави градоначалникот Петре Шилегов на отворањето на Share […]

Талат Џафери и ДУИ по втор пат во клучен момент одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ


По втор пат и на сличен начин претседателот на Собранието, Талат Џафери, и ДУИ во клучни моменти одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Со постојано одолговлекување на закажувањето на седницата, со бескрајни координации и на крајот со прекинување на собраниската расправата уште пред таа воопшто да започне, Џафери синоќа купи уште еден ден за ВМРО-ДПМНЕ, чија цел е […]

Тешка артилерија на Мухамед Зекири против ДУИ


Неочекуваното, па дури и гневното прекинување на седницата на Собранието од страна на претседателот Талат Џафери, ја покажа комплицираната ситуација во владината коалиција дури и на неколку дена пред распуштањето на парламентот. Тирадата на Џафери за Фејсбук објавите, во кои тој (а и неговата партија) се најде особено погоден, пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја […]

Џафери неочекувано и гневно ја прекина седницата за Предлог-законот за ЈО


Уште практично непочната, седницата на која требаше да се расправа за Предлог – законот за јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители беше одложена за утре во 11 часот, откако тоа го соопшти собранискиот спикер Талат Џафери. За оваа седница за збор се јавија 30 […]