Се чека почеток на собраниската седница за Предлог – законот за Јавно обвинителство


По целодневно натегање, партиски пазарења и неизвесност околу обезбедување на неопходното двотретинско мнозинство, конечно вечерва за 21 часот, беше закажана собраниската седница на која на дневен ред се Предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. И покрај тоа што дел од пратениците почнаа […]

Војната меѓу „Самсунг“ и „Епл“ за доминација ги вжешти цените на мобилните телефони


„Самсунг во вторникот го почна својот настан „Галакси анпекд“ во Сан Франциско со пригодно промотивно видео во кое го претстави својот нов паметен телефон, „галакси З-флип“ (Galaxy Z Flip). Ребека Хирст, шеф на маркетинг на „Самсунг“ во Велика Британија, го претстави телефонот со зборовите „вакво нешто никогаш до сега не сте искусиле“. Се чинеше дека […]

Поради компликации од грип почина 14-годишно девојче


Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести поради компликации од грип, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје. Ова е прв смртен случај како последица на сезонскиот грип. Починатото девојче имало и други хронични заболувања, додаде д-р Кузмановска. Грипот зема замав. Така, минатата недела биле регистрирани 3.614 заболени од грип, […]

Даночната евазија ги стопила ефектите од прогресивниот данок за 51 отсто


Прогресивниот данок лани ги зголемил приходите во Буџетот од персонален данок на доход, но сепак, ефектите се значајно помали од можните поради даночната евазија. Ова се вели во новата Стратегија за реформа на даночниот систем 2020 – 2023, што ја подготви Министерството за финансии и која деновиве била презентирана пред научната и стручната јавност. Прогресивниот […]

Во Осломеј ќе се гради фотоволтаична централа со моќност од 100 мегавати


На просторот на некогашниот рудник за јаглен ТЕЦ „Осломеј“, ќе се гради соларна централа која ќе испорачува електрична енергија за 20.000 семејства. Инвестицијата, која е конципирана како две електрани од по 50 мегавати, ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство во која АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер. Градбата на електраните ќе биде целосно инвестиција […]

СДСМ: Милошоски се плаши од владеење на правото


Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на собраниска комисија прочита транскрипт од снимка на која, наводно, се зборува за финансирањето на затворената телевизија 1ТВ, СДСМ го повика сите докази што ги имал да ги предаде до надлежните институции. „Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат сѐ што имаат како материјали до институциите, […]

Лазаров откри како ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите во општина Центар


Неколку години по почетокот на судењето за насилствата во општина Центар од 2013 година, полека се вообличува рамката како биле организирани и спроведени протестите. Томислав Лазаров, кој тогаш беше претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар и координатор на советничката група во општинскиот совет, на денешното рочиште објасни како се создавала инфраструкурата за протестите и […]

Премиерот Спасовски бара разрешување на министерката Мизрахи


Премиерот Оливер Спасовски побара да биде разрешена министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Предлогот за разрешувањето на Мизрахи е доставен до Собранието поради кршење на Уставот, информираат од Владата. „Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши […]

Се подготвуваат нови проекти за Универзална сала и библиотека на Бит пазар


Универзалната сала и новата библиотека Браќа Миладиновци на Бит пазар ќе добијат идејни решенија. Градот Скопје и Министерството за култура потпишаа договр за капитални инвестиции во висина од 45 милиони денари или 732.000 евра со што започнуваат постапките за реализација на овие два објекти. Според најавите од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Универзалната сала до […]

Предлог-законот за јавно обвинителство доби виза од Комисијата за европски прашања


Предлог-законот за јавно обвинителство го помина филтерот на собраниската Комисија за европски прашања. На денешната седница беше разгледуван и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој исто така доби виза од членовите на Комисијата кои одлучија двата предлог-закони да ги проследат во натамошна постапка. На седницата беше […]

СДСМ наспроти десниот популизам


НАНО РУЖИН За помалку од дваесетина години левицата и десницата во Северна Македонија целосно се трансформираа како во стратешко-идеолошка така и во кадровска смисла. Од  стекнувањето на независноста, левицата ја представуваше СДСМ, додека десницата се препознаваше низ идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа еволуција не е исклучиво македонска. Слични партиски корелации се случуваат насекаде во Европа и […]

НБМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на 2 отсто


Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка на Македонија ќе се задржи на нивото од 2 отсто, одлучи вчера Комитетот за оперативна монетарна политика на НБМ. „Споредбата на најновите макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика во рамки на октомврискиот циклус проекции не упатува на позначителни отстапувања во одделните сегменти од економијата“, […]

Продавачите на кафе во Градски парк ќе добијат нови локации


Град Скопје определи 21 локација каде што ќе може да се паркираат мобилни продавачи во Градскиот парк. Градските власти објавија јавен повик на кој сите заинтересирани за користење локации за поставување урбана опрема за продажба на кафе, сокови, храна, пуканки и слично ќе може да се пријават и да добијат една од локациите. Секој ќе […]

СДСМ: Само Мицкоски не аплаудираше за членството во НАТО


„Сите се радуваат и честитаат горди на успехот на својата татковина, ратификацијата на Договорот за членство во НАТО. Само извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски не!“, порачаа од СДСМ. Од партијата на Зоран Заев потсетуваат дека единствено претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не аплаудирал на денешната седница на која беше усвоен Законот за ратификација на Протоколот […]

Светската фабрика е сè уште затворена


„Тоа е како Европа во средновековно време“, вака Јорг Вутке, претседателот на Европската стопанска комора во Кина ја опишува актуелната состојба во втората по големина светска економија, која е погодена од корона вирусот. „Во секој град се вршат проверки и прегледи“, ја пренесува неговата изјава за „Њујорк тајмс“, порталот аксиос.ком. Кинеските компании се едни од […]

Македонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО


Со постапка невообичаена за зовриената македонска политика, Собранието денеска едногласно го ратификуваше протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови. За ратификацијата гласаа 114 пратеници и со тоа заврши македонскиот пат за членството во Алијансата, а сега уште Шпанија треба да го ратификува протоколот и Македонија целосно да ја заврши целата […]

Седница на Собранието за ратификација на протоколот за НАТО (фото галерија)


Во Собранието во тек е седницата Собранието за ратификација на протоколот за НАТО. На неа присуствуваат 116 пратеници, гости од регионот, претседатели на високи државни институции, членови на дипломатскиот кор и други. Фото: Борис Грданоски  

Наместо овошни кашички, извезуваме свежи праски


Во земјоделско-прехранбениот сектор има барем 20-30 производи од конзервната, пекарската индустрија, како и во делот на преработка на овошје, мед и тн. кои имаат потенцијал да го зголемат извозот на овој сектор и на македонската економија во целина, истакна денес д-р Дарко Лазаров. Како пример, тој нагласи дека наместо кашички за деца од праски, крушки […]

Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека им се заканува на пратеници


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конфренција објави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ. како и дел од пратениците на партијата .вршат голем притисок врз некои од пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство. Според него, тој притисок бил и десеткратно поголем од оној кога требаше да се гласаат уставните измени. Заев тврди […]

Стационарот на Лајка ќе има 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче


Советот на Скопје расправа за Програмата за хуман третман и благосостојба на животните скитници на јавното претпријатие Лајка, според која во стационарот ќе има ветеринарна служба и 24-часовна помош за граѓани кои ќе бидат каснати од куче. Новата програма предвидува освен со ушна маркица, кучињата да бидат обележани и со микрочип и за секоја единка […]