Шкотска подготвува референдум за независност во 2020 година


Шкотска мора да одржи референдум за независност во 2020 година и наскоро ќе ги бара овластувањата што им се потребни за да се направи законски, изјави денеска лидерот на Националната партија на Шкотска, Никола Старџен. – Наша работа е да донесеме независност. Мојот апел е дека референдумот мора да се одржи следната година. И ние […]

УНИЦЕФ: Поради лоша исхрана 149 милиони деца заостануваат во развојот


Алармантно голем број деца страдаат од сериозни последици поради лоша или нездрава исхрана, а најмалку едно од три на возраст под пет години е неухрането или со прекумерна тежина, предупреди денеска УНИЦЕФ во својот годишен Извештај за состојбата на децата во светот. Како што се наведува, две од три деца, на возраст меѓу шест месеци […]

Хуманитарните работници и новинарите ја напуштаат североисточна Сирија


Сирија – Странските хуманитарни работници и новинарите денеска во голем број се собраа на граничниот премин Семелка, на границата меѓу Сирија и Ирак, за да ја напуштат сириската територија,  јавија американските медиуми. Нивното заминување од Сирија се должи на турската офанзива, што почна минатата недела, но и на враќањето на единиците на  сириската влада во регионот, […]

Европска комисија: Каталонското прашање е внатрешна работа на Шпанија


Белгија – Европската комисија одби да ја коментира пресудата за приврзаниците за независност на Каталонија, истакнувајќи дека тоа е внатрешна работа на Шпанија. – Комисијата не ги коментира одлуките на националните судови. Нашата позиција околу оваа тема е добро позната и не е сменета. Тоа е, и продолжува да биде, внатрешна работа на Шпанија, која мора […]

Лавров: Асанж веројатно е мачен во лондонскиот затвор


Русија– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека верува во можноста основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да бил мачен во лондонскиот затвор. Тој ова го изјави за руската телевизија Русија 24. – Тие исто така треба да ги отфрлат обвиненијата против (поранешниот разузнавач) Едвард Сноуден, да го ослободат Џулијан Асанж и да престанат […]

Високи затворски казни за учесничките во неуспешниот напад врз Нотр Дам


Франција– Парискиот суд им изрече казни од 25 до 30 години затвор на учесничките во неуспешниот напад во 2016 година врз катедралата Нотр Дам во Париз. На овие радикализирани млади жени им се судеше од 23 септември во Париз, поради, како што с енаведува во обвинението, обид во 2016 година да предизвикаат експлозија со автомобил […]

Европската унија планира нов итен самит за Брегзит


Белгија – ЕУ размислува да свика итен состанок на лидерите на ЕУ за Брегзит, јави Би-Би-Си. Внатрешните дискусии во ЕУ се фокусираат на можно „одржување на самит на лидерите на ЕУ оваа недела“. Европски дипломати за Би-Би-Си изјавиле дека е „постигнат голем напредок во преговорите“ но оти сепак им треба повеќе време. – Минатата недела почувствувавме […]

Најмалку 37 лица повредени во судир меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона


Шпанија– Во судир меѓу демонстрантите и полицијата на аеродромот во Барселона синоќа се повредени 37  лица, соопштија шпанските здравствени власти. Британските медиуми пренесуваат дека полицијата на влезот на аеродромот влетала меѓу демонстрантите кои протестираа заради пресудата на шпанскиот Врховен суд против организаторите на референдумот за незваисност на Каталонија. На снимки се гледа како полицајците со пендреци […]

Русија почнува со вежби на своите стратегиски нуклеарни сили


Русија – Руската армија од денеска почнува со масовна воена вежба на своите стратегиски нуклеарни сили насловена „Гром 2019“. Руското Министерство за одбрана информира дека во тридневната воена вежба учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни лансери, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подморници. Генерал-мајор Евгениј Иљин, шеф на одделението за меѓународна соработка во министерството, изјави дека […]

Трамп потпиша указ за воведување санкции против Турција


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за воведување санкции против Турција во врска со нејзината  воена операција во Сирија, се наведува во соопштение на државниот секретар Мајк Помпео, пренесе ТАСС. „Претседателот Трамп го потпиша указот за да ја присили Турција да ја прекине својата воена офанзива во североисточна Сирија и да се согласи […]

Американските војници во северна Сирија добија наредба да се повлечат од земјата


Околу илјада американски војници распоредени во северниот дел на Сирија добија наредба да се повлечат од земјата, изјави неименуван американски претставник. – Ние ја спроведуваме наредбата. Повлекувањето се однесува на сите војници распоредени во Сирија, освен за оние во базата Ал Танф, која се наоѓа во јужниот дел на земјата и е контролирана од околу […]

Главниот телохранител на папата Франциск поднесе оставка поради истекување на информации


Долгогодишниот шеф на обезбедувањето во Ватикан и главниот телохранител на папата Франциск, Доменико Џани денеска поднесе оставка поради истекување на информации за истрагата за наводните финансиски малверзации. Оставката на 57-годишниот Џани, поранешен припадник на италијанската тајна служба, кој беше на функција во Ватикан од 2006 година, уследи по претресот без преседан, што неговите луѓе го […]

Жителите на Барселона се собираат на протест против пресудата на каталонските лидери


Жителите на Барселона излегоа на улиците на градот на спонтан протест против одлуката на Врховниот суд да изрече долгогодишни затворски казни за девет  каталонски политичари и активисти, учесници во организирањето на референдумот и прогласувањето на независноста на овој североисточен регион, јави локалниот весник „Ла Вангвардија“. Според весникот, луѓе се собираат на некои од клучните локации […]

Ковени: Договор за Брегзит е можен, и тоа уште неделава


Велика Британија и Европската унија би можеле уште неделава да постигнат договор за „Брекзит“, но „тие сè уште не се стигнати до таму“, изјави денеска ирскиот министер за надворешни работи, Симон Ковени, по викендот минат во интензивни разговори во Брисел, јави ДПА. Надежите за постигнување договор се зголемија по минатонеделната успешна средба меѓу британскиот и […]

ЕУ ја повика Турција да го почитува меѓународното право


Луксембург – Лидерите на Европската унија размислуваат за продолжување на ембаргото за оружје против Турција, во знак на протест против нејзината офанзива против курдските сили во северна Сирија. Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок изјави дека „нападот врз соседна земја е против меѓународното право и Турција, како и секоја друга земја, мора да го почитува […]

Од девет до 13 години затвор за каталонските сепаратисти, одлучи Врховниот суд на Шпанија


Шпанија – Шпанскиот Врховен суд осуди девет каталонски сепаратисти на казна од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување независност во 2017 година. Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни, пренесоа британските меидуми. Медиумите во земјата наведуваат дека се очекуваше дека обвинувањата за бунт, […]

Русија бара алтернатива за американскиот долар


Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека Русија размислува за воведување на еврото и рубљата како главни валути во извозот на енергенси. Тој рече дека Русија сака продажбата на нафта и бензин да ги врши во рубљи, бидејќи тоа ќе ја намали зависноста од американскиот долар. – Веќе имаме многу добра валута, таа е […]

Данскиот град Оштеред воведе четиридневна работна недела


Данска – Властите во данскиот град Оштеред вовеле четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација, во која работат околу 300 лица, така што во иднина и петок ќе можат да го користат како слободен ден. Оштеред е полуостров во северозападниот дел на осторовот Зеаланд, оддалечен околу 100 километри од Копенхаген и градот има околу […]

Гутереш: Предизвиците на денешницата бараат мултилатерален свет


Србија – Во соочувањето со предизвиците на денешницата, потребен ни е мултилатерален свет со силни мултилатерални институции, како и универзално почитување на меѓународното право, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој преку видео линк се обрати на отворањето на 41-то Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ). – На овој начин ќе изградиме просперитетен и одржлив свет […]

Излезни анкети: Право и правда победи на изборите во Полска


Полска– Владејачката полска конзервативна партија „Право и правда” освои најмногу гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во Парлментот, покажаа излезните анкети на компанијата Ипсос. Според резултатите од излезните анкети, партијата добила 43,6 отсто од гласовите, што значи дека ќе има 239 места во долниот дом на Парламентот, кој има 460 пратеници. Лидерот на партијата […]