Мајк Блумберг веќе потроши 500 милиони долари свои пари во кампањата


Милијардерот Мајк Блумберг, кој е на преполнетиот терен на демократските кандидати за изборите во САД, веќе потроши 500 милиони долари сопствени пари сите до еден на комерцијални огласи на телевизијата и радиото. Со ова Блумберг далеку ги надмина трошењата на другите кандидати, вклучувајќи и го колегата милијардер Том Стајер.

Првиот тест за Блумберг ќе дојде идната недела на спектакуларниот Супер вторник кога ќе се гласа на демократските примарни избори во 16 држави. Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, уште од порано најави дека е подготвен да потроши една милијарда долари од своето богатство за кампањата. Тој е на шестото место на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе со богатство од 60 милијарди долари.

По примарните избори во Невада анкетите покажуваат дека преполнетиот демократски терен води Берни Сандерс со 32 отсто поддршка, а по него со Мајк Блумберг со 19, Џо Бајден со 18, Пит Бутиџиџ со 11, Елизабет Ворен со 11, Еми Клобучар со четири и Том Стајер со три отсто.