Кон крајот на април почнуваат тестирањата на вакцината против коронавирусот


Кон крајот на април ќе започнат клиничките тестирања на вакцината поротив вирусот од кој починаа повеќе од 2.000 лица, соопшти кинескиот потпретседател за наука и технологија, Ксу Нанпинг.

Од корона вирус се заразени и затвореници од два затвори во севернaта провинција Шандонг и источната Жеџијанг.

Како што пренесува Ројтерс, сменет е шефот на провинциската правосудна служба во Шандонг по информацијата дека во затворот во градот Џининг, 207 лица се позитивни на вирусот. Сменети се уште 7 затворски службеници.

Првиот случај на зараза бил утврден на 13-ти февруари кај еден затворски службеник. Ваквата ситуација покажала дека некои затворски управи биле немарни и не ги спровеле на правилен начин мерките за превенција од епидемија, изјавил Ју Ченге, заменик генерален секретар на провинциската влада во Шандонг.

Во затворот во Жеџијанг, оваа недела биле заразени 27 осуденици поради што бил сменет управникот на затворот.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Кина и денеска продолжи да опаѓа, по што биле потврдени уште 889 случаи на заразени. Во последните 24 часа биле пријавени вкупно 75.456 случаи на коронавирус, а бројот на починати пораснал на 2.236 лица со што биле забележани уште 118 жртви.