Најмалку 35 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија


Саудиска Арабија– Најмалку 35 лица загинаа и четворица други се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа во саудиската провинција Медина, изјави портпаролот на регионалната полиција, пренесува ДПА. Автобус во кој имало 39 иселеници од азиските и арапските земји се судрил со тешка градежна машина во близина на Ал-Ахал, град во саудиската провинција Медина, изјави портпаролот. -Надлежните […]

Трамп со порака до Ердоган: Не бидете опасно момче, ќе ве паметат како ѓавол


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп на 9 октомври, на денот на почетокот на турската акција во североисточна Сирија, му напишал писмо на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во кое го предупредил, доколку ситуацијата во Сирија не биде решена на хуман начин, дека во историјата ќе биде запаметен како ѓавол. На почетокот на краткото писмо, што […]

„Политико“: Франција ја заврши валканата работа на Путин


Франција играше на свој начин – и се соочи со пораз: Францускиот министер за европски прашања Амели де Моншалан во вторникот блокираше не еден, не два, туку три обиди на финското претседателството да најде компромис за почетокот на разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Изолирана, la France? Француски дипломатски функционер инсистираше на […]

Турција подготвува санкции како одговор на мерките од САД


Министерството за надворешни работи на Турција подготвува санкции против Соединетите Американски Држави како одговор на санкциите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп врз Анкара поради нејзината офанзива во североисточна Сирија, изјави денеска портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин. По состанокот на Владата во Анкара, Калин рече дека на американските власти јасно им е кажано дека […]

Макрон: Финализиран е договорот со Велика Британија


Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека договорот со Велика Британија за излегување од Европска унија е финализиран и оти потенцијално би можел да биде договорен утре на самитот на Европскиот совет. – Сакам да верувам дека договорот е фијнализиран и дека ќе го поддржиме утре, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка […]

Руските сили ја преминаа Еуфрат, одат кон север


Руските сили ја преминаа реката Еуфрат во северна Сирија и стигнаа до подрачјето надвор од градот Кобане, поддржани од Сириските демократски сили предводени од Курдите. Ова го соопшти Сириска опсерваторија со седиште во Лондон. Како што се наведува, руските трупи се упатиле кон север откако Сириските демократски сили постигнале договор со сириската влада за распоредување […]

ЕУ: Подготвен е технички договор за брегзит, се чека Владата на Велика Британија


Привремен технички договор за брегзит денеска попладне во Брисел беше во голема мера подготвен и се чекаше сеопшта поддршка, изјави неименуван претставник на Европска Унија. Тој истакна дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години. Но, за сето тоа да се придвижи потребна е […]

Петрич: Кога ЕУ подига граници, позитивна е идејата за мал Шенген на Србија, Северна Македонија и Албанија


Австрискиот дипломат и поранешен висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Волфганг Петрич, позитивно ја оцени иницијативата за отстранување на бариерите во соработката на Србија, Северна Македонија и Албанија, во истовреме кога во Европската Унија се подигаат граници. – Бев позитивно изненаден кога трите соседни земји, кои имаат силна економска соработка, решија да […]

Каталонските сепаратисти маршираат кон Барселона


Илјадници луѓе од пет каталонски градови денеска се собраа и се упатија кон Барселона, каде в петок е најавен генерален штрајк и масовни демонстрации. Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Слобода за политичките затвореници“ , алудирајќи на деветте каталонски претставници, кои се осудени на затворски казни поради улогата која ја имаа во обидот за отцепување […]

Во Холандија уапсен маж кој киднапирал и држел во изолација шестчлено семејство


Маж (58) е уапсен откако холандската полиција пронашла шестчлено семејство кое со години живеело на една фарма во изолација. Тој утре ќе се појави пред суд под обвинение дека противзаконски лишил од слобода и предизвикал штета по здравјето на други лица. Како што пренесуваат медиумите, тој изнајмил семејна куќа во која семејството, петмина браќа на […]

Туск: За седум часа ќе се знае кога ќе се случи Брегзит


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави денеска дека за седум или осум часа би требало „да биде познато кога ќе се случи Брегзит“. – Теоретски за седум до осум часа би требало се да биде јасно, истакна Туск. Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат предлозите за евентуален договор на […]

Малолетник украл градски автобус во Белград, но ја возел предвидената рута


Српската полиција го приведе 17 – годишниот С.Б. поради сомневање дека вчера украл градски автобус во Белград и го управувал од една до друга дестинација по линијата на која вози автобусот. Против момчето ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено користење на туѓо возило, информираат српските медиуми. С.Б. е осомничен дека вчера попладне украл автобус […]

Лавров: Русија ќе работи на постигнувањето договор меѓу Сирија и Курдите


Русија ќе инсистира сириската Влада и сириските Курди да постигнат договор и да го почитуваат, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесоа британските медиуми. Министерот забележа дека дијалогот меѓу Дамаск и сириските Курди дава конкретни резултати. Лавров во Сочи изјави дека турската воена акција во североисточна Сирија овозможила бегство на заробените борци на Исламска […]

Стотици илјадници мртви во Европа поради загадување на воздухот


Белгија– Лошиот квалитет на воздухот во 2016 година предизвика најмалку 400.000 предвремени смртни случаи во Европа, а речиси секој Европеец кој живее во град е изложен на загадување кое го надминува здравото ниво, се посочува во денеска објавениот изјвештај на Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА). – Загадувањето на воздухот во моментов претставува […]

Макрон и Меркел сакаат единство во ЕУ пред самитот за Брегзит


Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се сретнат на југот од Франција, на еден ден пред клучниот самит на ЕУ на кој може да биде одобрен договор за Брегзит. Меркел и Макрон прво ќе го посетат седиштето на компанијата Ербас, како симбол на европската индустриска соработка, а потоа ќе одржат […]

Демонстрантите во Хонг Конг лути на Леброн Џејмс


Хонг Конг– Демонстрантите во Хонг Конг вчера изразија незадоволство од коментарите на американскиот кошаркар Леброн Џејмс и со кошаркарска топка гаѓаа фотографија од НБА ѕвездата пред да влезе во кош и изгазија дресови со неговото име, а еден и запалија. Кошаркатрот на ЛА Лејкерс претходно изјави дека слободата на говорот може да има негативни последици. […]

Европа се движи како полжав кон родовата еднаквост


Белгија– Европската Унија се движи како полжав во зголемувањето на родовата еднаквост, покажа најновиот Индекс на родова еднаквост изработен за 2017 година. Од претходниот во 2015 година, кога индексот бил 66,2 (од 100) поени, во 2017 пораснал на 67,4 поени, но со оглед на тоа дека се мери од 2005 година, а од тогаш пораснал […]

Путин го покани Ердоган да ја посети Русија


Русија–  Рускиот претседател Владимир Путин го покани својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган да допатува во работна посета на Русија и поканата беше прифатена, соопшти прес службата на Кремљ, пренесе Тасс. „Владимир Путин го покани Реџеп Тајип Ердоган во следните денови да оствари работна посета на Русија. Поканата е прифатена“, се наведува во соопштението. Освен […]

Лекари без граници се повлекуваат од Сирија


Сирија– Лекари без граници одлучија да ги прекинат повеќето активности во североисточна Сирија и да го евакуираат персоналот поради турската воена операција во областа. Хуманитарната организација соопшти дека е принудена да ги напушти градовите Аин Иса и Ал-Хол поради исклучително насилната ситуација, како и прифатниот центар во кој се сместени илјадници жени и деца, членови […]

Осудените Каталонци ќе поднесат жалба до Европскиот суд за човекови права


Осудениот каталонски активист Жорди Кушар изјави дека политичарите и активистите осудени на повеќегодишни казни поради улогата што ја имаа во обидот да ја одделат Каталонија од Шпанија во 2017 година ќе се жалат до Европскиот суд за човекови права. – Имаме морална должност да го демантираме овој (шпански) авторитарен став и апелираме до европските граѓани […]