(Видео) Министер одби да се ракува со Меркел


 

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер не се ракуваше со канцеларката Ангела Меркел поради епидемијата на корона вирус.

Меркел стигна на самитот за интеграции и не се ракуваше со присутните. Но, до неа седеше министерот Зехофер кому му ја пружи раката.

Германскиот министер сепак, одби да се ракува со неа со зборовите: „Не, не…“ германската канцеларка беше изненадена, но се насмеа и рече дека разбира.

Министерот Зехофер од минатата седмица одлучи поради корона вирусот да не се ракува со никого.