Голема победа на антикорупциските партии на изборите во Словачка


Ordinary People and Independent Personalities (OLaNO) party leader Igor Matovic gestures with supporters at his party's headquarters after the country's parliamentary elections, in Trnava, Slovakia, early March 1, 2020. REUTERS/David W Cerny REFILE - CORRECTING DATE

Братислава – Словачката опозиција предводена од партијата Обични луѓе и независни личности (ОЛаНО) освои емпатична победа на парламентарните избори во земјата, бидејќи гласачите лути од корупцијата ја исфрлија владејачката централна левица Смер, која доминира на политичката сцена повеќе од една деценија.

Резултатите од изборите во саботата покажаа дека ОЛаНО, политички аморфно, про-ЕУ и про-НАТО движење, фокусирано на борба против корупцијата, освои 25,02 отсто од гласовите, далеку пред владејачката партија Смер со 18,29 проценти.

Поддршката за ОЛаНО се зголеми во последните неколку недели, од помалку од шест отсто кон крајот на минатата година, концентрирајќи го протестното гласање, поттикнато од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница пред две години.

Пратеничките места освоени од другите либерални и конзервативни партии му дадоа на ОЛаНО силна позиција да ги води преговорите за формирање на нова централно-десничарска влада.

Лидерот на ОЛаНО, Игор Матович, вети дека ќе ја исчисти политиката, амбиција вклучена во слоганот на неговата партија: „Ајде заедно да ја победиме мафијата“.

„Го прифаќаме резултатот како барање на луѓето кои сакаат да ја исчистиме Словачка. Да се направи Словачка праведна земја, каде законот важи за секој, без оглед дали е богат или сиромашен“, рече Матович откако беа пребројани најголем дел од гласовите.

Матович рече дека ќе разговара со лидерите на уште три партии – либералната Слобода и солидарност, конзервативата За народот на поранешниот претседател Андреј Киска и социјално-конзервативната,  евроскептична Ние сме семејство – за да формира сојуз што би имал уставно мнозинство од повеќе од 90 места во парламентот со 150 места.

Премиерот Петер Пелегрини од Смер го призна поразот и рече дека раководењето на партијата со владата, во 12 од изминатите 14 години, може да заврши.

„Веројатното заминување на нашата партија во опозиција не е  изненадување“, рече Пелегрини пред новинарите.

Смер го постигна својот најлош резултат од 2002 година. Нејзините сојузници, националистите и партијата на унгарското малцинството, не освоија ниеден пратеник, па прв пат по децении Унгарците нема да  бидат претставени.

Политичката смена во земјата-членка на еврозоната, која избегна борби со Брисел, за разлика од нејзините соседи од вишеградска група, Унгарија и Полска, започна со убиството во 2018 година на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница.

Истрагата ја откри комуникацијата меѓу еден бизнисмен, сега на суд за нарачка на убиството, и политичари и судски службеници. Обвинетиот ги негираше обвиненијата.

Убиствата доведоа до најголемите улични протести во пост-комунистичката ера, принудувајќи го лидерот на Смер, Роберт Фицо, да си даде оставка, иако неговата партија се одржа на власт.

Матович (46) минатата недела за Ројтерс изјави дека сака да биде помирувачки глас кон ЕУ во рамките на Вишеградската група.

Поранешниот сопственик на регионални весници и пратеник од 2010 година, Матович се нарекува социјален конзервативен и економски либерален, но одбива да го лоцира ОЛаНО на левата десница или на либерално-конзервативната скала.

Во Европскиот парламент, ОЛаНО е усогласена со централно-десничарската Европска народна партија.

„Би сакал да испратам позитивен сигнал“, рече Матович, додавајќи дека не сака европските партнери да се чувствуваат дека Словачка е корумпирано место „каде што новинарите и нивните вереници се убиени само затоа што некој открил корупција“.

Тој рече дека ќе се залага за подобро образование за ромското малцинство и сака ромското, унгарското и рутениското малцинство да се чувствуваат рамноправни.

Предвидувањата дека екстремно десничарската, анти-ЕУ и анти-НАТО Народна партија, која има дури и профашистички ставови, ќе има голем успех, не се се остварија, затоа што освои едвај осум отсто од гласовите.

Аналитичарите сугерираат дека лидерот на ОЛаНО, Матович, е непредвидлив политичар. Ексцентричен самосоздаден милионер и поранешен медиумски бос, Матович ја формираше партијата пред една деценија, но по освојувањето на места во парламентот, неколку пратеници ја напуштија заради внатрешни борби.

„Тој управува со ОЛаНО како диктатор“, рече Михал Трубан, лидерот на либералната партија ПС/Заедно во неодамнешната телевизиска дебата. Таа за влакно не успеа да го пробие изборниот праг предвиден за коалиции од седум отсто, освојувајќи 6,96 проценти од гласовите.

Осврнувајќи се на грчкиот мит за многуглаво чудовиште, Матович ги повика Словаците „масовно да излезат да гласаат и да и ја отсечат последната глава на хидрата на корупцијата“.

Според политичкиот аналитичар од Братислава, Радослав Стефаник, „изборите беа пред се за желбата за пристојност во политиката. Наместо да протестираат против владејачката партија Смер-СД на улиците, луѓето го сторија тоа на избирачките места“. (Ројтерс, АФП)