ЕУ подготвува мерки за помош на економијата погодена од корона вирусот


Комесарот за економија на Европската унија, Паоло Џентилони, соопшти дека ЕУ е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за да се справи со негативното влијание што го има корона вирусот врз европската економија, откако здравствените ризици во Европа се покачени на високо ниво.

Џентилони изјави дека е потребен „координиран фискален одговор“ од европските земји кој мора да биде навремен. „Не може да го превземете премногу рано, не може да го одложите премногу доцна “, рече тој на прес-конференција во Брисел.

„ЕУ е подготвена да ги искористи сите расположливи политики, доколку и кога е потребно, да го заштити растот од овие ризици,“ рече тој.

На истиот брифинг, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека агенцијата на ЕУ за превенција на болести ја зголемила процената на ризиците од корона вирус на високо ниво, бидејќи епидемијата се прошири во повеќето држави на ЕУ.