Унгарската опозиција ја освои Будимпешта, Карачоњи нов градоначалник


Унгарија– Нов градоначалник на Будимпешта е Ѓерѓељи Карачоњи, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии, покажаа резултатите од локалните избори по околу 80 отсто од преброените гласови. Карачоњи освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлош, кандидатот на владеачката партија Фудес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите. Локалните унгарски медиуми јавуваат […]

Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ


Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп им наредил на сите американски трупи во северна Сирија да се упатат кон југ, но да не ја напуштат земјата. Во изјавата за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Еспер рече дека конфликтот меѓу турските сили и курдските борци поддржани од САД станал […]

Путин: Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток


Рускиот претседател Владимир Путин ги повика САД, Израел и Иран да ги надминат несогласувањата и да ги заживеат разговорите за нуклеарната програма на Техеран. Тој потенцира дека не е соодветно да се носат еднострани одлуки за тоа дали Иран ги исполнува своите обврски од нуклеарниот договор. – Такво нешто треба да провери неутрална страна, како […]

Калифорнија забранува производство и продажба на крзна


Производството и продажбата на предмети од животинско крзно ќе бидат забранети во Калифорнија од 2023 година. Законот, потпишан од гувернерот Гевин Њусом, забранува продажба и производство на облека, чевли и торби од животинско крзно, со што Калифорнија е првата американска држава што воведе ваква забрана, јавува Би-Би-Си. Исклучок се половните производи од крзно, кожа од […]

Ердоган: Ембаргото на продажба на оружје нема да ја запре турската офанзива


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави  дека ембаргото на оружје за Турција нема да биде доволно за да се стави крај на офанзивата во Сирија. – Уште откако ја започнавме операцијата, се соочивме со закана од економски санкции или ембарго за оружје. Оние кои мислат дека ќе нè принудат да се откажеме, не се […]

ОН: Поради турската офанзива во Сирија би можеле да се раселат до 400.000 луѓе


Турската офанзива против курдските борци во североисточна Сирија веќе принуди 130.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија денеска ОН, додавајќи дека тој број може да се зголеми на 400.000. – Сметаме дека до 400.000 луѓе ќе бидат раселени во погодените области и ќе имаат потреба од помош и заштита, рече портпаролот на ОН Јенс […]

Тајфун во Јапонија: 23 лица загинаа, владата ја распоредува војската


Јапонија распореди десетици илјадници војници и спасувачи, откако беше погодена од една од најсилните бури во последните години, во која досега загинаа 23 лица. Тајфунот Хагибис предизвика бројни лизгања на земјиште јужно од Токио, а потоа се префрли на север и доведе до поплави. Јавниот сервис НХК објави дека 13 лица се пријавени како исчезнати. […]

Во Брисел приведени околу 300 демонстранти од „Екстиншн ребелион“


Во Брисел вчера беа уапсени меѓу 250 и 300 активисти на движењето „Екстинш ребелион“ (Бунт против истребување), откако полицијата не успеа да ги растера со помош на водени топови и бибер-спреј. Активистите организираа протест како дел од кампањата Светска недела на граѓанска непослушност, со која повикуваат на акција против климатските промени. Тие се собраа пред […]

Протести на Курдите ширум Европа


Десетици илјадници Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во Франција, Шведска, Грција, Германија, Австрија, Швајцарија. Во Келн се собраа 10.000 луѓе, кои носеа знамиња со симболите на курдските Единици за заштита на народот и Рожава, односно „Сириски Курдистан“, барајќи запирање на турската офанзива, воведување […]

Се урна хотел во Њу Орлеанс, две лица загинаа


Најмалку две лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато кога се урна дел од хотел во изградба во Њу Орлеанс, Луизијана. Повеќе од 20 лица се повредени. Според американските медиуми, најголемиот дел од хотелот Хард Рок ненадејно се урнал. Повисоките катови почнале да се рушат, а потоа дел од зградата беше целосно урнат. Зградите […]

Москва не се радува на ширењето на НАТО кон границите на Русија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ширењето на НАТО кон границите на Русија не ја радува Москва. – Тоа е воен блок и кога нејзините инфраструктурни објекти се шират до нашите граници, тоа не нè прави среќни – рече Путн во интервјуто за „Раша Тудеј“ и „Скај њуз Арабија“. Како што рече, Русија на тоа […]

Макрон: Итно да се запре турската офанзива во Сирија


  Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше  со својот американски колега Доналд Трамп за турската офанзива во Сирија и го предупреди дека последицата може да биде заживување на активностите на т.н. Исламска држава. Според соопштението  од кабинетот на Макрон, тој истакнал дека турската офанзива итно треба да се запре. Во соопштението не се наведува дали […]

Американски војници во Сирија под турски оган


Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат дека се присутни Американци. Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина метри од американските војници. Тој изјави дека нема повредени меѓу Американците и дека тие не го напуштиле Кобане. Турција информира […]

Калифорнија ги укинува приватните затвори


Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом донесе закон за укинување на приватните затвори, институции кои ги обвини дека придонеле за поголем број затвореници. Њусом, демократ кој на чело на Калифорнија дојде во јануари, при потпишувањето на законот рече дека приватните затвори „придонесуваат за пренатрупаност на затворите“ и „не ги одразуваат вредностите на Калифорнија“. Во март, тој […]

Гутереш нареди штедење во ОН, државите должат 1,39 милијарди долари за членарина


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш нареди сет мерки да стапат во сила в понеделник во сите објекти и мисии на ОН ширум светот, со цел да се ублажи најголемата финансиска криза на организацијата во последните десет години. Меѓу мерките што ќе се спроведат се откажување на состаноците, ограничување на деловните патувања, но и […]

Меркел утре ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија


Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која, како што објави германската државна агенција ДПА, дипломатите ја сметаат за последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија. „Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе […]

(Видео) На Путин му го скршиле носот, па престанал со бокс


Претседателот на Русија, Владимир Путин раскажа како му бил скршен носот додека во младоста тренирал бокс. Првиот човек на Руската Федерација, разговараше со боксерите на маргините на Меѓународниот спортски форум „Русија – Спортска држава“. Спортистите му подарија прекрасна спортска ракавица и го повикаа да им се придружи на тренинзите. Подарокот го потсети рускиот претседател на […]

САД: Награда од пет милиони долари за лоцирање на терористот Абу Вахид


Стејт департментот понуди парична награда до пет милиони американски долари за информации што би довеле до идентификација или лоцирање на Аднан Абу Вахид ал-Сахрави. Абу Вахид е поранешен член на Полисарија, кој стана лидер на терористичката организација Исламска држава во Голема Сахара (ИСИСГС). Абу Вахид, исто така, бил член на џихадистичкото Движење за единство и […]

Велика Британија и ЕУ ги интензивираат преговорите за Брегзит


Европската Унија денеска соопшти дека се договорила со Велика Британија да ги „интензивираат“ преговорите во обид да го спроведат Брегзит до закажаниот датум. Засега, датум за излегување на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври. Ова беше објавено откако претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека добил „ветувачки сигнали“ од ирскиот премиер Лео Варадкар […]

Шведска бара ЕУ да воведе ембарго за извоз на оружје во Турција


На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Шведска ќе бара Европската унија да воведе ембарго за извоз оружје на Турција, одлучи денеска шведскиот Парламент. Министерката за надворешни работи Ан Линде вчера ја осуди воената офанзива во североисточна Сирија. „Турција го крши меѓународното право, ја дестабилизира ситуацијата и ризикува големи човечки загуби, не само […]