Во Јута полигамијата ќе биде прекршок, а не кривично дело


Сенатот на американската сојузна држава Јута едногласно одлучи полигамијата да не биде кривично дело туку прекршок, објави Би-би-си.

Според досегашниот закон, на луѓето со повеќе сопружници им се закануваше затвор до пет години.

Критичарите, пак, сметаат дека со ова ќе се зголемат случаите на злоставување.

Новиот закон треба да го потврди Претставничкиот дом на Јута за да стапи на сила. Според него, полигамијата, односно бракот со повеќе луѓе, ќе се смета за прекршок, како оние на пример во сообраќајот, но присилната полигамија ќе се смета за кривично дело.

Се верува дека во Јута во полигамија живеат повеќе од 30.000 луѓе.