Се урна авион во Конго, меѓу патниците и членови на кабинетот на претседателот


Сите осум патници и членови на екипажот загинаа кога се урна товарен авион на истокот на Конго. Во авионот биле и некои од членовите на кабинетот на претседателот на Конго Феликс Чисекеди. – Нема преживеани. Сите тела се целосно изгорени, изјави советникот на претседателот Видије Чиманга. Во авионот бил возачот на претседателот на Конго и […]

Турција: Во операцијата во Сирија убиени 342 терористи


Во турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија убиени се, како што рече турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, 342 терористи. – Нашата војска успешно ја спроведува операцијата „Извор на мирот“ во согласност со нашите планови, рече Акар за НТВ, додавајќи дека, според најновите податоци, биле неутрализирани 342 екстремисти. Претходно, турското Министерство за одбрана […]

Во Манчестер уапсен маж откако избоде повеќе случајни минувачи


Британската полиција соопшти дека уапсила маж, на возраст од околу 40 години, осомничен дека со нож избодел повеќе лица во трговскиот центар Арндејл. Во нападот се повредени пет лица, а центарот е евакуиран, јави Би Би Си. Еден од сведоците рече дека мажот трчал по трговскиот центар со нож во рака и по случаен избор […]

Тимоние: На Северна Македонија местото и е помеѓу нас во ЕУ


Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние изјави дека прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме. Ако има нешто што нè обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: на Северна Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото ѝ е помеѓу нас […]

Абиј Ахмед: Големо признание и награда за Африка


Премиерот на Етиопија Абиј Ахмед изјави денеска дека е „почестен и возбуден“ поради тоа што е добитник на годинашната Нобелова награда за мир. – Почестен сум и возбуден. Многу ви благодарам. Тоа е награда за Африка, Етиопија и можам да замислам колку останатите африкански лидери позитивно ќе гледаат на процесот на градење мирот на нашиот […]

Добитник на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија


Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир. Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји. Станува збор за судир во кој, поради […]

Трамп: Можеме да посредуваме меѓу Турција и Курдите


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека едно можно решение за конфликтот меѓу Курдите поддржани од САД и турските сили во североисточна Сирија е Вашингтон да посредува во мировни преговори. Трамп на Твитер најави дека САД имаат три опции. „Имаме три избори – да испратиме 1.000 војници и да извојуваме воена победа, да ја погодиме многу […]

Убиено сириско бебе во турски град, 46 лица се повредени


Деветмесечно сириско бебе загина при минофрлачки напад извршен од сириската курдска милиција врз турскиот пограничен град Санлиурфа, соопшти кабинетот на гувернерот. Според гувернерот, убиен е и еден турски јавен службеник при нападите во областите Акчакале и Cејланпинар во Санлиурфа, а повредени се 46 луѓе. Тоа е прва официјална потврда за жртви од турска страна.

Меркел: Германија, со останатите земји членки од ЕУ, ќе се бори за договорен Брегзит


Германија, заедно со останатите членки на ЕУ, и натаму ќе се обидува да се избори за договорен Брегзит, денеска од Нинберг изјави германската канцеларка Ангела Меркел. -Сите останати 27 земји членки на Европската унија до последниот ден ќе се борат за тоа Велика Британија да не излезе нерегулирано  од ЕУ, кажа Меркел на собир по […]

Европратениците не ја прифатија француската кандидатка Гулар за еврокомеcар


Европратениците денеска не ја прифатија  француската кандидатка за комесар во идната Европска комисија, Силви Гулар. Од европратениците кои беа повикани да гласаат, 82 гласаа против, 29  беа „за“ и еден воздржан. Против Гулар се водат две истраги, една во француските судови, а втората во Канцеларијата на ЕУ за борба против измама, околу нејзина вмешаност во […]

Романскиот Парламент и изгласа недоверба на владата на Виорика Данчила


Романскиот Парламент и изгласа недоверба на социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила, пренесе Тасс. На заедничката седница на двата дома на парламентот во Букурешт вкупно 238 пратеници и сенатори се изјаснија дека ја сакаат  оставката на владиниот кабинет, а седницата беше пренесувана во живо од главните романски телевизии. За изгласување недоверба на владата беа потребни […]

Втор ден од турската операција во северна Сирија


Турското Министерство за одбрана денеска на вториот ден од офанзивата соопшти дека се проширени целите на дејствување против курдските милиции во северна Сирија. Според турските медиуми, две сириски села во пограничното подрачје се „исчистени од терористите“. Во исто време курдските единици возвратија и во судирите во близина на градот Рас ал Ајин убиени се 14 […]

Иран ја повика Турција да ја прекине воената офанзива во Сирија


Иранското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Турција веднаш да ја прекине воената офанзива во Сирија и да ги повлече своите сили од земјата. Во соопштение објавено на официјалната веб-страница, Министерството изрази загриженост за хуманитарната состојба и опасностите за цивилите во зоната на конфликтот. – Министерството за надворешни работи на Иран ја нагласува потребата од […]

Трамп:Ги сакаме Курдите, ама тие не ни помогнаа во Нормандија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги сака Курдите, но исто така истакна дека Курдите не им помогнале на Американците во Нормандија. На прашањето за повлекувањето на САД од Сирија каде Курдите беа оставени на милост и немилост на турската офанзива и за можноста Американците да формираат сојуз со Курдите, американскиот претседател одговори дека Курдите […]

Лавров: Русија е за разговори меѓу Анкара, Дамаск и Курдите


Русија ќе го охрабри дијалогот меѓу Дамаск и Анкара, но и со курдските организации, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој изрази уверување дека тие контакти можат да ги задоволат интересите на сите страни. Лавров оцени дека „оправданата загриженост“ на Турција за ситуацијата долж сириската граница може да се реши врз основа […]

Ердоган до ЕУ: Ќе ги отворам „портите“ кон ЕУ за сириските бегалци ако сметате дека вршиме инвазија во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги „отвори портите“ за сириските бегалци од неговата земја кон Европа, одвивајќи ги критиките на Европската унија за тековната воена офанзива во североисточна Сирија. – Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија, изјави Ердоган во Анкара во порака до ЕУ. – Тогаш ќе […]

Во борбите за сирискиот град Рас ал Аин загинаа 14 турски војници


Четиринаесет турски војници се убиени во борби за сирискиот град Рас ал Аин, објави телевизијата Ал-Мајадин, повикувајќи се на курдски извори. Претходно курдските Сириски демократски сили соопштија дека уништиле четири турски тенкови во областа на градот Тал Абјад. Курдите исто така тврдат и дека ја одбиле турската копнена офанзива во североисточна Сирија. Во тек се […]

Привремени гранични контроли на границата помеѓу Данска и Шведска


Данска ќе воспостави привремени контроли на границата со Шведска од ноември, изјави денеска данскиот министер за правда, Ник Хекеруп. Таа одлука доаѓа откако двајца Швеѓани во август беа обвинети за вмешаност во експлозија пред данската Даночна управа. Премиерката Мете Фредериксен тогаш наведе дека данскатаВвлада размислува за затегнување на контролите на границата со Шведска. Данска и […]

Ќе се намалува бројот на пратениците во Италија


Рим – Италијанските пратеници во вторникот гласаа за намалување на бројот на места во националниот парламент, почнувајќи од следните општи избори. Според реформата – која сè уште ќе треба да биде одобрена на национален референдум пред да стане официјална бидејќи бара измена на уставот на Италија – бројот на места се спушта од 630 на […]

Турција ги убедува ОН дека операцијата во Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“


Турскиот амбасадор во Обединети нации, Феридун Синирлиоглу во писмо испратено до Советот за безбедност на ОН наведе дека турската операција во северниот дел на Сирија ќе биде „пропорционална, одмерена и одговорна“. – Како што беше случај и во претходните антитерористички операции, турскиот одговор ќе биде пропорционален, одмерен и одговорен. Операцијата е насочена само кон терористите […]