Вишеградската група очекува новата ЕК да го забрза процесот на проширување на ЕУ


Унгарскиот министер за внатрешни работи Петер Сијарто изјави дека Вишеградската група (В4) очекува новата Европска комисија да го забрза проширувањето на ЕУ.

По средбата со колегите од В4 во Прага, тој изјави дека е едно од најголемите промашувања на претходната Европска комисија на чело со Жан-Клод Јункер е тоа што го доведе процесот на проширување речиси до целосен застој, пренесува МТИ.

„Поради тоа очекуваме новата Европска комисија да ја отвори новата ера во проширувањето на ЕУ со посебен осврт на Западен Балкан“, наведе Сијарто.

Тој истакна дека политиката на проширување на чие чело е унгарскиот комесар Оливер Вархејли, ќе биде во добри раце.

„В4 се сложи да го поддржи напорите на унгарскиот комесар за проширување да ја забрза интеграцијата“, наведе Сијарто и додаде дека политиката на ЕУ за блокирање на проширувањето во текот на изминатите години е во целост спротивно на интересите на еропскиот блок.

Најбрзата можна интеграција на Западен Балкан е во политички, безбедносен, економски и стратешки интерес на Европската унија и Унгарија бидејќи му помагаат на европскиот блок ефикасно да се одбрани од притисокот на мигрантите“, додаде тој.

На прашањето дали на состанокот се разговарало за новите предлози на германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер за прифаќањето на бегалците, Сијарто истакна дека таа тема на е покрената поединечно.

„Но, позицијата на В4 е јасна“, изјави Сијарто.

„Ние немаме волја да примиме било какви илегални мигранти во централна Европа“, додаде тој.

Според зборовите на Сијарто, успехот и безбедноста на централна Европа постои благодарение на цврстата антимиграциска политика и тоа така ќе остане.

Сијарто ја критикуваше Финска која до крајот на декември претседава со ЕУ бидејќи во текот на својот мандат не го протурка проширувањето на ЕУ.

Тој по состанокот со колегите од Чешка, Полска и Словачка на состанокот на земјите од Вишеградската група, изјави дека еден од значителните пропусти на Европската комисија во заминување е тоа што ЕУ во октомври не одобри започнување на пристапните преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, пренесе АП.

Финска како претседавач со ЕУ, изјави Сијарто, направила голем пропуст во тој поглед и се надева дека новата Европска комисија ќе го протурка проширувањето.

Како што се наведува, земјите од Вишеградската група го поддржуваат проширувањето на ЕУ.