Кој ќе даде поголем, а кој помал буџет за НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека САД од следната година ќе уплаќа помалку пари во буџетот на воената алијанса.

Како што се наведува, Германија ќе го зголеми доприносот за да се пополни празнината.

На заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, Столтенберг изјави дека е договорена нова формула за поделба на трошоците и дека „САД ќе плаќа помалку, а Германија повеќе“, пренесува АП.

Сојузниците во НАТО минатата година се договорија за цивилен буџет, како што е финансирање на седиштето на организацијата во износ од 228 милиони евра, додека 1,3 милијарди евра беа издвоени за трошоците на воените мисии ширум светот.

Столтенберг наведе дека САД и Германија сега ќе плаќаат „приближно 16 проценти“ од вкупниот буџет. Претходно најголем допринос имаше Вашингтон, плаќајќи околу 22 проценти.