Светна Божикната елка во Њујорк

САД– Една од најраскошните Божикни елки, препознатливата норвешка смрека, светна пред центарот Рокфелер во Њујорк, САД.

Традиционално, по 87-ти пат, годинава ја вклучи градоначалникот Бил де Бласио, а за забавата беа задолжени Не-Јо, Леа Мишел, Бил Портер и Едина Мензел. Божикното дрво е високо 75 метри и тешко 12 тони, а украсено е со 50 илјади разнобојни лед светилки и кристална ѕвезда  „Сваровски“ на врвот.

Пред центарот Рокфелер во Њујорк ќе свети до 17 јануари кога ќе биде донирана во добротворни цели.