Макрон не отстапува од својот став: И понатаму мислам така

Францускиот претседател Емануел Макрон го повтори денеска својот став дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“.

Тој ова го истакна, на разочарување на членките на Алијансата, во пресрет на почетокот на самитот на оваа организација во Лондон.

„И понатаму така мислам“, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со претседателот на САД Доналд Трамп.

Трамп неколку часа претходно истакна дека ставот на Макрон е „навредлив и разочарувачки“, за Алијансата која утре одбележува 70 години постоење.

Макрон во ноември истакна дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“, образложувајќи го тоа со намалувањето на американската ангажираност и однесувањето на Турција, членки на НАТО.

Францускиот претседател денеска истакна дека Турција понекогаш соработува со посредници на Исламската држава и додаде дека на Турција и понатаму и замерува тоа што се бори против курдските борци на северот од Сирија, бидејќи тие борци помагаат во борбата против џихадистите.

„Турција се бори против оние кои се бореа заедно со нас. А понекогаш соработува со посредници на Исламската држава“, додаде Макрон.