Корона вирус – бројот на смртни случаи стигна до 563


Бројот на смртни случаи од појавата на коронавирусот во Кина достигна 563, здравствени експерти се подготвуваат да се сретнат во Женева следната недела во обид да се развие вакцина, а Јапонија пријави уште 10 инфекции кај патниците на луксузниот брот за крстарење кој е во карантин надвор од Јокохама.

Кинеските власти соопштија дека во четвртокот бројот на жртвите се зголемил за 73 во претходните 24 часа – трет рекорден дневен пораст по ред – од кои 70 се регистрирани во покраината Хубеи, центарот на избувнувањето.

Болниците во Вухан, градот во Хубеи од каде се смета дека потекнува од вирусот, рекоа дека се борат да најдат доволно кревети за илјадници новозаразени пациенти.

Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека заклучно со полноќ во средата имало 28.018 потврдени случаи низ целата земја – пораст од 3.694 и најголем пораст за 24 часа – како и 24.702 сомнителни случаи.

Надвор од Кина, потврдени се најмалку 230 заразени, вклучувајќи два смртни случаи, еден во Хонг Конг и друг на Филипините.

Јапонија во четвртокот потврди уште 10 инфекции кај 3.700 патници и членови на екипажот заглавени на бродот „Дијамантска принцезата“. Десет лица позитивно биле тестирани на болеста во средата. На бродот досега има 20 регистрирани случаи.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во средата побара 675 милиони американски долари за да им помогне на земјите да се справат со очекуваното ширење на вирусот. Тој призна дека сумата е голема, но рече дека е „многу помалку од сметката со која ќе се соочиме ако сега не инвестираме во подготвеност“. (Според агенциите)