Седум лица повредени при слетување на авион


Во градот Магдан на рускиот далечен исток, при слетување на авион „Антонов-Ан2“ удрил во земја

– Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени, изјави портпаролот на руското Министерство за вондредни ситуации, а пренесува руски ТАСС.

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.
Според првите информации, авионот е во сопственост на приватна компанија и удрил во земја од 10 метри висина. Со него се превезувале вработени во компанијата.

За инцидентот е поведена истрага и се претпоставува дека е предизвикана од пилотска грешка.