Во Италија втор ден од референдумското изјаснување за реформи во судството


Во Италија денеска е вториот ден од референдумското изјаснување на граѓаните за реформа на судскиот систем, јавуваат италијанските медиуми. Гласачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 15 часот. Според Министерството за внатрешни работи, вчера на првиот ден од изјаснувањето на референдумот излезноста изнесувала 46 проценти. Реформата ја поддржуваат владејачката десничарската […]

Ким Џонг Ун повторно е назначен за претседател. Сестрата е изоставена


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е повторно назначен за претседател на Комисијата за државни работи, објави денес државната новинска агенција КЦНА, откако изолираната земја го свика првото заседание на своето Врховно народно собрание еден ден претходно. На состанокот во Пјонгјанг се разговараше за измени на социјалистичкиот устав, како и за изборот на претседател на Комисијата […]

Пилотот и копилотот загинаа при судирот на авион со камион на аеродромот „Ла Гвардија“


Пилот и копилот на ‌авион на Ер Канада загинаа откако се судрија со противпожарен камион при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк. Инцидентот што се случи синоќа го затвори аеродромот, соопштија властите и американските медиуми. NBC News, која објави за смртните случаи, соопшти дека десетици други се повредени во инцидентот. COLLISION AT NEW YORK […]

Инцидент на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк: Авион на „Ер Канада експрес“ при слетување удри во возило


Авион на „Ер Канада експрес“ при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк се судри со возило на земја. Поради инцидентот американската Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) ги приземји сите авиони, како што наведе поради вонредна состојба. ФАА не наведе други детали. „Ер Канада“, ФАА и противпожарната служба на Њујорк сè уште не го коментирале […]

Пахлави ги повика Трамп и Нетанјаху да ја поштедат цивилната инфраструктура во Иран


Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се избегнуваат напади врз цивилна инфраструктура на Иран, доколку ескалира конфликтот со Иран по упатениот ултиматум на САД во врска Ормускиот теснец. Во објава на социјалната мрежа „Икс“ Пахлави го повика Трамп да го преиспита својот пристап, наведувајќи дека иранските власти […]

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини


Иран поседува балистичко оружје со кое може да ги загрози Рим и Лондон, пишуваат европските весници, посочувајќи дека американските и израелските напади не ги неутрализирале ракетните капацитети на Техеран. Италијанскиот весник „Ла Република“ наведува дека за евентуален напад врз европски цели, лансирните позиции би требало да се наоѓаат во северниот дел на Иран. Притоа се […]

Куба во мрак: Започна бавното закрепнување на системот по седмиот целосен колапс на енергетската мрежа


Кубанските власти синоќа започнаа со постепен процес за враќање на снабдувањето со електрична енергија по „целосниот колапс“ на националниот енергетски систем, што е втор ваков инцидент за помалку од една недела. Официјална Хавана ја насочи вината за енергетската криза кон нафтеното ембарго наметнато од страна на Соединетите Американски Држави. Државната електрична компанија соопшти дека во […]

Социјалистот Емануел Грегоар е идниот градоначалник на Париз


 Кандидатот на Социјалистичката партија, Емануел Грегоар, победи на вчера одржаниот втор круг од изборите за градоначалник на Париз. Тој функцијата ќе ја преземе од неговата сопартијка Ан Идалго. Дијаметрално спротивно, крајната десница извојува убедлива победа во градот Ница, град на француската ривиера. Изборите се индикатор за односот на политичките сили во Франција воочи претседателските избори […]

Вучиќ во Абу Даби на средба со Бин Зајед: Србија е солидарна со пријателскиот народ на ОАЕ во тешки околности


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера оствари ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што се сретна со претседателот, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Посетата, како што истакна доцна синоќа Вучиќ на својот Инстаграм профил, била исклучително важна за зајакнување на билатералните односи и заедничката работа за мир и стабилност во тешки меѓународни околности. […]

Дали Орбан ја намами ЕУ во стапица?


Веројатно откако Маргарет Тачер беше на власт, лидерите на ЕУ не биле толку огорчени од еден од своите колеги, како што беа минатата недела кога Виктор Орбан повторно блокираше критичен заем од 90 милијарди евра за финансирање на воените напори на Украина. Секако, јазикот не беше толку шарен како што понекогаш се користи за британската […]

Петер Маѓар се тестира за дрога, ако победи на изборите ќе мора и Орбан


Лидерот на опозициската партија ТИСА во Унгарија, Петер Маѓар , објави фотографија од Виена каде што замина за да направи тест на дрога од примерок земен од косата. Пред изборите на 12 април, Маѓар е под постојан удар на медиумите контролирани од  Фидес на Виктор Орбан, кои сакаат да го прикажат како политичар склон кон […]

Иран ги прогласи за легитимна цел купувачите на американски државни обврзници


Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, упати остро предупредување, прогласувајќи ги „финансиските субјекти кои го финансираат американскиот воен буџет за легитимни цели“. Тој ја објави пораката на социјалната мрежа X. „Американските државни обврзници се натопени со крвта на Иранците. Ако ги купите, купувате и удар врз вашите седишта и имот“, напиша Галибаф. „Ги следиме […]

Мерц и Трамп разговараа за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток


Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави на Х дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп при што фокусот бил на Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток. „Денеска разговарав за ситуацијата во Иран, Израел и Украина со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Мерц. „Се согласивме да одржуваме близок контакт во иднина. Нашата размена на мислења ќе […]

Иран се закани дека ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Блискиот Исток


Во објава на X, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, предупреди дека критичната инфраструктура и енергетските објекти на Блискиот Исток би можеле да бидат „неповратно уништени“ доколку бидат нападнати иранските електрани. Тој напиша: Веднаш откако електраните и инфраструктурата во нашата земја ќе бидат цел на напади, критичната инфраструктура, енергетската инфраструктура и нафтените објекти низ […]

Иран ја одби понудата на САД за олеснување на продажбата на нафтатата


Иранските власти ја отфрлија понудата од САД за привремено олеснување на санкциите за продажба на нафта, испраќајќи јасна порака дека нема намера да прифати ваков компромис во актуелниот геополитички контекст. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, реагираше на изјавите од американската администрација, која предложи ослободување на залихи на иранска нафта за да се стабилизира […]

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната


Повеќе од 1500 луѓе загинаа во Иран откако започна американско-израелската војна против земјата пред три недели, соопшти Иранската државна радио-телевизија, повикувајќи се на податоци од иранското Министерство за здравство, јави ДПА. Според телевизијата, повеќе од 200 од убиените во Иран биле на возраст под 18 години. Уште 21000 луѓе се повредени. Околу 220 медицински центри […]

Русите бесни што немаат интернет: Се плаши ли Путин дека ќе заврши како Хамнеи?


Одговарањето на порака од пријател, нарачувањето пица или нарачувањето превоз на вашиот преносен уред може да изгледаат како едноставни задачи во целосно поврзан град од 21 век како Москва. Но, жителите на руската престолнина откриваат дека нивните паметни телефони се пригушени поради невиденото исклучување на мобилниот интернет. Русија долго време спроведуваше одредена дигитална цензура, забранувајќи […]

Масовни антивладини протести во Прага


Илјадници Чеси протестираа вчера во Прага на најголемите антивладини демонстрации,од 2019 година. Тие го изразија незадоволството од намалувањето на воените трошоци под водство на премиерот Андреј Бабиш, стравувајќи дека неговата администрација ќе преземе мерки против медиумите со најавениот закон по примерот на тој за „странски агенти“ во Русија. Massive protests in Prague today, against the […]

Израел преминува на онлајн настава поради војната


Израелското Министерство за образование соопшти дека се прекинува наставата во училиштата во државата денеска и утре по синоќешните ирански напади врз градовите Димона и Арад. Министерот за образование, Јоав Киш, изјави дека наставата во сите образовни институции, вклучително и специјалното образование, се откажува во консултација со Командата за цивилна заштита.   „Наставата ќе се организира […]

Марфи: Ова е луда војна на Трамп!


Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сè поголем притисок од сопствената политичка сцена, откако сенаторот од редовите на демократите, Крис Марфи, оцени дека „ја изгубил контролата“ врз војната против Иран. Марфи, влијателен член на Комитетот за надворешни работи во Сенатот, изјави дека администрацијата влегла во „паничен режим“, додека конфликтот со Иран влегува во четвртата […]