Со автомобил се заби во луѓе во Лајпциг: Двајца мртви, неколку повредени. „Имаше и напад со нож“
Две лица беа убиени, а две тешко повредени кога автомобил се заби во група луѓе во центарот на источногерманскиот град Лајпциг, објави локалната телевизија MDR, повикувајќи се на полицијата.
Полицијата во Лајпциг потврди за Ројтерс дека има повредени откако возилото ги удрило, но не можеше да даде дополнителни детали.
Според локалната радио станица Радио Лајпциг, оштетен теренец „Фолксваген“, со едно лице внатре, бил виден како брзо поминува низ пешачка зона.
Истиот извор, повикувајќи се на сведоци, рече дека неколку тела биле покриени со чаршафи и дека, според нив, имало и напад со нож.