ЕК соопшти дека е подготвена да ослободи 16,4 милијарди евра замрзнати средства од буџетот на ЕУ за Унгарија


Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција по средбата со унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека неговата земја ќе може да добие 16,4 милијарди евра замрзнати средства од буџетот на ЕУ.

Маѓар појасни дека Унгарија и ЕК постигнале политички договор за потребните законски измени за неговата земја да почне да прима трансфери од ЕУ.

Според него, ова е огромен успех и обезбедува приходи еднакви на 13 проценти од националниот буџет. Тој прецизираше дека се очекува Унгарија да ги промени своите закони за борба против корупцијата и да формира комисија за конфискација на нелегално стекнат имот. Маѓар вети дека неговата земја многу брзо ќе се приклучи на Европското јавно обвинителство.

– Постигнавме историски пробив и сме многу благодарни, рече Маѓар.

– Веќе чувствуваме силен ветер на промени во Унгарија, 12 април ќе ни остане во сеќавање долго време, Унгарците направија јасен избор за Европа и демократијата. Ќе работиме за доброто на Унгарија и ЕУ, многу работа е завршена за кратко време, пазарите го забележаа тоа, истакна Фон дер Лајен.