Високиот суд во Кенија донесе привремена забрана САД да отворат карантински центар за ебола


Високиот суд на Кенија привремено го запре планот на САД за поставување карантински центар во Кенија за луѓе изложени на вирусот ебола.

Судијката на Високиот суд, Патриша Њаунди, во наредба издадена доцна синоќа, пресуди дека до завршувањето на судската постапка со која се оспорува договорот со САД, Кенија не смее да прифаќа луѓе кои биле изложени на ебола или заразени со болеста.

Белата куќа објави дека САД воспоставуваат карантински центар во Кенија за американски граѓани кои биле изложени на вирусот ебола. Според планот, луѓето кои ќе развијат симптоми нема да бидат вратени во САД, туку ќе бидат упатени во трета земја.

Кениската организација за човекови права, Институтот Катиба, вчера поднесе тужба со која го оспорува американскиот план.

„Тајното и еднострано воспоставување карантински центар за ебола отвора сериозни уставни прашања поврзани со правото на живот, здравје, фер административна постапка, учество на јавноста во донесувањето одлуки и парламентарен надзор“, објави организацијата.

Судијата Њаунди изјави дека следното рочиште е закажано за 2 јуни.