Шокантно: Авион во САД „собра“ комбе за достава при слетување, погледнете го моментот


Авион на „Јунајтед ерлајнс“ завчера удри комбе за достава со крилото додека се приближуваше кон меѓународниот аеродром „Њуарк Либерти“ во близина на Њујорк.

Моментот на судирот е снимен од камера во возилото, а се случил додека авионот на лет од Венеција се приближувал кон пистата. И покрај инцидентот, авионот безбедно слетал, пишува Би-Би-Си.

Во авионот имало 231 патник и член на екипажот, а никој од нив не е повреден. Возачот на комбето претрпел полесни повреди. Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB) ги истражува околностите на инцидентот и му наложи на „Јунајтед ерлајнс“ да го обезбеди снимачот на гласови во пилотската кабина и снимачот на податоци за летот. Во исто време, тимот за одржување на авиокомпанијата ја проценува штетата на авионот.

Сцените на авиони што полетуваат и слетуваат во близина на прометен пат не се невообичаени во Њуарк, па се претпоставува дека се случила грешка на пилотот.