Претседателската библиотека на Трамп како од Северна Кореја


Фондацијата која го надгледува изградбата на претседателската библиотека на Доналд Трамп ги објави првите рендери (визуелни прикази) на проектот без преседан — висок облакодер во центарот на Мајами, пренесе „Политико“. Ерик Трамп, синот на претседателот и член на управниот одбор на Фондацијата „Трамп библиотека“, ги сподели плановите за претседателската библиотека во објава на социјалните мрежи […]

Израел воведе смртна казна за Палестинците осудени за смртоносни напади


Израелскиот парламент донесе закон со кој се воведува смртна казна за Палестинците осудени за смртоносни напади, мерка остро критикувана како дискриминаторска од европските земји и групите за човекови права. Законодавството ја прави смртната казна стандардна казна за Палестинците во Западниот Брег окупиран од Израел, прогласени за виновни за намерно извршување смртоносни напади што од воен […]

Рубио: Обврзани сме да ја браниме Шпанија која се фали дека ни го затвори воздушниот простор


Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги критикуваше Шпанија и другите сојузници на НАТО за нивната ограничена поддршка во војната со Иран, сугерирајќи дека Вашингтон би можел повторно да го разгледа сојузот  по конфликтот. Рубио рече дека САД утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која е должна да ја брани, им го негирала на САД […]

Името на Трамп ќе биде на банкноти, аеродроми, златници, воени бродови…


Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денес потпиша закон со кој Меѓународниот аеродром Палм Бич ќе биде преименуван по Доналд Трамп, откако голем број згради, институции, владини програми, воени бродови и пари веќе се именувани по сегашниот американски претседател. Одлуката за преименување на аеродромот доаѓа откако Флорида минатата година одобри план за донирање недвижен имот […]

Гувернерот ДеСантис го потпиша преименувањето на аеродромот Палм Бич во „Доналд Џ. Трамп“


Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, потпиша закон со кој Меѓународниот аеродром Палм Бич ќе се преименува во „Меѓународен аеродром претседател Доналд Џ. Трамп“, откако Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија законот минатиот месец. Законот ќе стапи на сила на 1 јули, по одобрувањето од Федералната администрација за воздухопловство, а официјалните владини записи и мапи ќе […]

Каја Калас и делегација министри од ЕУ пристигнаа во Киев на годишнината од трагедијата во Буча


Киев – Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пристигна во Киев со делегација министри од ЕУ за да им оддаде почит на жртвите од руските напади во Буча. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, истакна дека силното европско присуство испраќа порака дека правдата за „руските злосторства мора да биде […]

Клучни лекции од историјата: Дали Иран е Суецката криза на Трамп


  Војната што Соединетите Американски Држави и Израел ја почнаа против Иран на 28 февруари се чини дека стана предвидлива во својата непредвидливост. Не е изненадувачки што најавите на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи дополнително ја поттикнуваат нестабилноста и ги потресуваат светските пазари, дури и ако тоа е само за кратко време. Но, […]

Нема истекување на нафта по нападот на кувајтскиот танкер во близина на пристаништето во Дубаи


Властите во Дубаи потврдија дека нема истекување на нафта од танкерот кој беше запален по ирански напад со дрон. Танкерот „Ал Салми“ (Al Salmi) бил целосно натоварен со два милиони барели нафта и бил закотвен во Дубаи на пат кон Кина, кога бил погоден во напад со дрон и избил пожар, пренесе Би-би-си. Медиумската канцеларија […]

Американски специјалци распоредени на Блискиот Исток


Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнале на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми.  Според објавите на „Њујорк Тајмс“ и на „Си-би-ес“ кои се повикуваат на воени извори и лица запознаени со операцијата, распоредувањето вклучува припадници на „ренџерите“, елитни единици на копнените сили на САД, како и единици на морнаричките „фоки“, Новопристигнатите сили им […]

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина


Безбедносниот комитет на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот за воведување систем на патарини за Ормуската Теснина и предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите што воведоа санкции врз Иран. Предлогот ќе биде поднесен за дебата и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари. Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и […]

Европа забележува пораст на побарувачката за соларни панели, топлински пумпи и електрични автомобили


Војната во Иран ги истакна широко распространетите ризици од зависност од фосилни горива, дејствувајќи како катализатор за брз премин кон зелени технологии низ цела Европа. Цената на суровата нафта Брент, глобален репер, порасна за повеќе од 50 проценти откако започна конфликтот на Блискиот Исток. Голем дел од нестабилноста се припишува на блокадата на Ормутскиот теснец, […]

ЕК одобри 1,5 милијарди евра за европската и украинската одбрана


Брисел – Европската комисија соопшти дека одобрила работна програма во вредност од 1,5 милијарди евра во рамки на Програмата за европска одбранбена индустрија (EDIP), со цел зајакнување и модернизација на европската одбранбена индустрија. Прецизирано е дека 260 милиони евра ќе бидат наменети за „Инструментот за поддршка на Украина“ во рамки на EDIP, за инвестиции во […]

Тинејџер пукал во училиште во Аргентина, едно момче загина, а осум се ранети


Едно 13-годишно момче е убиено, а најмалку осум лица се ранети откако тинејџер отвори оган во училиште во аргентинскиот град Сан Кристобал. Напаѓачот, 15-годишен ученик, веднаш бил приведен од страна на полицијата. Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, […]

Германија и Сирија се договорија: 80 проценти од бегалците ќе бидат вратени


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави во понеделник по средбата со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Берлин дека се планира враќање на 80 проценти од сириските бегалци што моментално се наоѓаат во Германија. „На долг рок, желбата на претседателот ал-Шара е 80 проценти од сите Сиријци што моментално се наоѓаат во Германија да се вратат во […]

Анализа на „Њујорк Тајмс“: Вашингтон ги засилува активностите за поголемо влијание врз Гренланд


Американски структури ги интензивираат активностите во Гренланд, настојувајќи да постигнат, како што се наведува, „впечатлив“ договор со властите на овој арктички остров, пишуваат Џефри Гетлман и Маја Текели во анализа објавена во „Њујорк тајмс“. Според авторите, уште минатата година данските медиуми беа преплавени со извештаи за наводни „тајни операции на влијание“ што САД ги спроведуваат […]

Иран ги нарече мировните предлози на САД „нереални“, цената на нафтата расте


  Иран ги опиша американските предлози за прекин на едномесечната војна на Блискиот Исток како „нереални, нелогични и прекумерни“ денес (30 март) и испали повеќе ракети врз Израел, а цените на нафтата дополнително пораснаа откако јеменските Хути влегоа во конфликтот. Израелската војска соопшти дека два дрона од Јемен биле пресретнати и во понеделник, два дена […]

Украинскиот дрон што се урна во Финска имал боева глава


Украинскиот дрон што се урна во Финска во неделата носел неексплодирана боева глава, објави финската полиција во понеделник. Финска во недела објави дека два украински дрона паднале на југоистокот од земјата, за прв пат од почетокот на војната меѓу Русија и Украина. „Дронот што падна северно од Кувола е пронајден и, според прелиминарните резултати, носел […]

„Њујорк тајмс“: Кои членови на династијата Кастро сѐ уште се на политичката сцена


Хавана – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара промени на Куба, пишува „Њујорк тајмс“, забележувајќи дека членови на семејството Кастро одеднаш се појавуваат на кубанската политичка сцена во исто време. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел откри дека неговата влада води тајни разговори со администрацијата на Трамп и дека лицето кое ги водеше преговорите било „историскиот […]

САД дозволија руски танкер со нафта да стигне до Куба, а Трамп вели „не ни пречи“


  САД дозволија руски танкер што превезува сурова нафта да стигне до Куба на 30 март, и покрај фактичката блокада на нафта што ја наметна Вашингтон, што означува промена во политиката на САД. Овој потег следи по неколку недели заострени ограничувања за испорака на гориво до Куба и доаѓа во време кога Вашингтон го рекалибрира […]

Уништувањето на АВАКС од иранска ракета е непријатен удар за САД


  Уништувањето на авионот „Е-3 Сентри“ на американските воздухопловни сили во иранскиот напад врз воздухопловната база во Саудиска Арабија би можело да ги наруши способностите на САД да ги забележат дојдовните ирански закани од далечина, велат аналитичарите. Драматичните слики од уништениот авион, геолоцирани од Си-Ен-Ен, ја покажуваат неговата скршена опашка и неговата јасна ротирачка радарска […]