Британскиот министер за здравство Стритинг поднесе оставка


Британскиот министер за здравство Вес Стритинг денеска поднесе оставка истакнувајќи оти ја изгубил довербата во лидерството на премиерот Кир Стармер.

– Сега е јасно дека нема да ја водите Лабуристичката партија на следните општи избори и оти пратениците на Лабуристичката партија и синдикатите поврзани со неа сакаат дебата за она што треба да биде судир на идеи, а не личности или ситни внатрешни партиски борби. Оваа дебата треба да биде широка и треба да ги вклучи најсилните можни кандидати. Го поддржувам овој пристап и се надевам дека и вие ќе го поддржите – наведе Стритинг во писмо објавено на платформата „Икс“.

Продолжува притисок врз Стармер да поднесе оставка од премиерската функција по катастрофалните резултати на Лабуристичката партија на изборите во Англија, Шкотска и Велс, одржани минатата недела.