Новa бизарност од Белата куќа: Објавена ВИ слика на Трамп како лик од „Војна на ѕвездите“ со симболична порака


Кога станува збор за Доналд Трамп и администрацијата собрана околу него, малку друго може да изненади некого. Сепак, официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа X успева на најбизарен можен начин. По повод 4-ти мај, неофицијалниот празник на фановите на франшизата „Војна на ѕвездите“ (4-ти мај), Белата куќа објави фотографија која брзо стана вирална. […]

Кувајт не го доживеал ова 36 години: Бројката на крајот на април беше – нула


Кувајт не извезе пратки сурова нафта во април 2026 година, прв пат од крајот на Заливската војна, откако Ормускиот теснец беше затворен и беше прогласена виша сила за испораки. TankerTrackers, платформа за следење на танкери, потврди дека земјата не испорачала ниту еден барел сурова нафта во текот на месецот Кувајтската нафтена корпорација претходно прогласи виша […]

Со автомобил се заби во луѓе во Лајпциг: Двајца мртви, неколку повредени. „Имаше и напад со нож“


Две лица беа убиени, а две тешко повредени кога автомобил се заби во група луѓе во центарот на источногерманскиот град Лајпциг, објави локалната телевизија MDR, повикувајќи се на полицијата. Полицијата во Лајпциг потврди за Ројтерс дека има повредени откако возилото ги удрило, но не можеше да даде дополнителни детали. Според локалната радио станица Радио Лајпциг, […]

Руди Џулијани во критична состојба во болница


Њујорк – Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и долгогодишен поддржувач на претседателот Доналд Трамп, е во „стабилна, но критична состојба“ во болница, изјави неговиот портпарол. „Градоначалникот Џулијани е борец кој се соочил со секој предизвик во својот живот со непоколеблива сила и се бори со истото ниво на сила додека зборуваме“, рече Тед Гудман […]

Дописникoт на Би-Би-Си од Москва: Дронови погаѓаат, нервозата се зголемува


  Украинските сили извршија напад со дрон на Москва преку ноќ, погодувајќи го луксузниот станбен комплекс „Мосфилм кула“ во елитниот западен дел од градот. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа дрон во низок лет непосредно пред 1 часот по локално време, а жителите известуваат за гласни експлозии во градот кратко потоа. „Ова не е прв […]

„Аксиос“: Трамп започна операција во Ормускиот теснец


Американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да започне нова воено-поморска операција во Ормускиот теснец со цел да изврши притисок врз Иран по застојот во преговорите, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници. „Американскиот претседател сака акција. Тој не сака да стои во место. Тој сака притисок. Тој сака договор“, рече еден висок американски функционер. Според извори, […]

Австрија протера тројца руски дипломати за шпионажа со прислушување преку антените на амбасадата во Виена


 Австрија протера тројца руски дипломати осомничени за шпионажа преку прислушување од антените на руските дипломатски згради. Австриското Министерство за надворешни денеска го потврди извештајот на австриската јавна телевизија РТВ ОРФ дека шпионажата е извршена со употреба на антени на покривите на Руската амбасада и дипломатскиот комплекс во виенската област Донауштад за прислушување. Антените им овозможиле […]

Путин го смени командантот на воздухопловните сили по неуспехот да ги запре нападите со дронови


  Рускиот претседател Владимир Путин го замени командантот на Руските воздухопловни сили, кои ги вклучуваат силите за воздушна одбрана и ракетна одбрана. Генерал полковник Александар Чајко е назначен на функцијата, заменувајќи го генералот Виктор Афзалов, кој ги водеше воздухопловните сили од 2023 година, објави РБК, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата. Чајко, 54, дипломиран […]

Карни: Цела Канада е зад Украина, даде уште 270 милиони долари за воена помош


Премиерот на КАнада, Марк Карни, од самитот на Европската политичка заедница во Ереван порача дека неговата влада ќе донира 270 милиони долари за да ѝ помогне на Украина да обезбеди критични воени капацитети во нејзината одбрана од целосната инвазија на Русија. Парите ќе одат за купување предмети од листата на НАТО и ја зголемуваат вкупната […]

Макрон доби кучешко добредојде во Ереван (ВИДЕО)


Францускиот претседател Емануел Макрон утрово, пред самитот на Европската политичка заедница, џогираше низ улиците на Ереван, Ерменија. Камерите притоа забележаа симпатичен момент кога локални кучиња топло го пречекаа и го придружќуваа. Honestly, the sweetest moment today Emmanuel Macron, visiting Yerevan, was spotted on an early morning run near Republic Square — accompanied by local dogs. […]

Пашинјан: Самитот на ЕПЗ во Ереван може да биде историски за меѓународниот мир


Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска, во своето воведно обраќање на осмиот состанок на Европската политичка заедница во Ереван зборуваше за односите меѓу Ереван и Баку, деблокирањето на регионалните комуникации, како и за перспективите за меѓународен мир, објави ерменската агенција Арменпрес. Тој изјави дека состанокот во Ереван може да стане историски за меѓународниот мир и стабилност. […]

Канада и Ерменија на чекор до сојузништво со ЕУ, Русија со „прстот во уста“


  Европските лидери се собраа во Ерменија на два невидени самити досега. Денес, повеќе од 30 европски лидери и премиерот на Канада, Марк Карни, ќе учествуваат на самитот на Европската политичка заедница. Канада ќе стане првата неевропска земја што ќе присуствува на состанок на Европската политичка заедница кога премиерот Марк Карни ќе се придружи на […]

Ирански ракети погодија американски воен брод во Ормуз


Иранската новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Јаск, додека Вашингтон најавува почеток на воена операција за заштита на бродовите во Ормутскиот теснец Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на локални извори, објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Јаск, откако наводно […]

Поплави, бури и снег предизвикаа хаос во Турција, едно лице загина


Обилните дождови, грмежите и снегот во повеќе делови на Турција од синоќа предизвикаа сериозни поплави, прекини во сообраќајот и затворање патишта. Еден маж загинал во југоисточниот округ Шанлиурфа откако бил погоден од гром. Според агенцијата Анадолија, силни ветрови и обилни врнежи предизвикале материјална штета и локални поплави во Шанлиурфа, Дијарбакир, Килис и Газиантеп. Во Газиантеп […]

Зеленски од Ереван: Украина бара единствен европски глас и место на преговарачката маса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Европа треба да настапува со единствен глас и да учествува во евентуалните мировни преговори со Русија. – Одржуваме контакт со САД и ги разбираме нивните ставови и позиции. Но, би било добро да оформиме заеднички европски глас – изјави Зеленски на Самитот на Европската политичка заедница во ерменската […]

Макрон: Франција нема да учествува во американската мисија во Ормуз


Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник ја поздрави најавената помош на американскиот претседател Доналд Трамп за бродовите блокирани во Ормузскиот теснец, но ја отфрли можноста за француско вклучување „Нема да учествуваме во никакви насилни операции, особено затоа што рамката за ова не ни е јасна“, рече Макрон во Ереван, каде што присуствува на осмиот самит […]

Пад од 25 отсто на резервациите на Кипар за летниот период


 Моменталната исполнетост на хотелите за летото е околу 40 – 50 отсто, додека во 2025 година изнесуваше 75 проценти, рекол генералниот директор на Здружение на хотелиери на Кипар Христос Ангелидис за кипарската новинска агенција ЦНА, посочувајќи дека резервациите на Кипар за летниот период, досега се за 25 отсто пониски во споредба со истиот период лани, […]

Засилени мерките за безбедност околу Путин: Страв од атентат и државен удар


Кремљ драматично ја засили личната безбедност на претседателот Владимир Путин, воведувајќи нови мерки што вклучуваат инсталирање системи за надзор во домовите на неговите блиски соработници. Овој потег беше поттикнат од низа атентати на високи руски воени функционери и страв од државен удар, според извештај од европска разузнавачка агенција до кој дојде Си-Ен-Ен. Во документот се […]

Крај на рекламите за бургери: Амстердам прв во светот ги забрани


Амстердам стана првиот главен град во светот што го забрани јавното рекламирање на месо и производи од фосилни горива, како дел од мерките за намалување на емисиите и промена на навиките на потрошувачите Амстердам стана првиот главен град во светот што го забрани јавното рекламирање на месо и производи од фосилни горива. Од 1 мај, […]

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази


Европските земји уверуваат дека ја разбрале пораката на американскиот претседател Доналд Трамп и дека гарантираат спроведување на договорите за користење на воените бази, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Трамп обвинува некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат Соединетите Американски Држави во војната со Иран. – Да, постои […]