Пендаровски: „Рекет“ круцијален тест, не смеат да се толерираат никакви странични влијанија


Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку, пред се, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат. Ова е порака што денеска ја испрати претседателот Стево Пендаровски на Третата пленарна сесија […]

Општина Аеродром субвенционира печки на пелети


Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година, објави денеска Општина Аеродром. Јавниот повик кој почнува од денеска, ќе трае до 10 октомври, а средствата ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“. – Секој жител што купил печка на пелети во тековната 2019 година […]

Општина Аеродром ќе субвенционира чистење оџаци


Општина Аеродром утре ќе објави јавен повик за субвенционирање за чистење оџаци. Општина Аеродром информира дека јавниот повик ќе трае 15 календарски дена од денот на објавувањето, односно од 27 септември до 11 октомври 2019 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. За користење на мерката субвенционирање за чистење оџаци, граѓаните […]

Град Скопје за јавни набавки троши колку 46 други општини


Според договорите за јавни набавки, Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 отсто, односно за 4,2 милиони евра, останува на врвот по потрошувачка. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби […]

Кежаровски: Мене ме апсеше режим, сега има процедура


Спречување на слободата на говорот и поттикнување самоцензура или новинарска активност која значи попречување и компромитирање на судска истрага која не може така лесно да се оправда со јавниот интерес. Дали обвинителството треба да ги гони оние што објавиле документи или личноста која имала пристап до службени тајни и ги изнела и ги дала на […]

Најчевска: Прашање на време беше кога Верушевски ќе се сврти против Заев


„Со Верушевски се бавевме во време кога бев дел од Хелсиншкиот комитет. Тој беше еден од оние функционери кои ги идентификуваше Хелсиншкиот комитет како валкани и кои беа лица од интерес за комитетот заради својата недопирливост и неказнивост. Само прашање на време беше кога ќе се сврти против актуелната власт (можеби затоа што нешто не […]

Во новата УБК се примале послушните место способните?


Собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност утре ќе ја има првата седница на која ќе расправа за првите четири недели од постоењето на новоформираното разузнавачко тело. Агенцијата, иако функционира од први септември, сè уште се нема доекипирано. Бројот на вработени таму се чува како државна тајна, но се шпекулира дека […]

Кукан: Направивте се што побара ЕУ, треба да добиете датум во октомври


Вие направивте се што ЕУ побара од вас и може да имате позитивни очекувања за датум во октомври. Лично сметам дека Северна Македонија ќе добие датум за почнување на пристапните преговори. Чекавте на овој момент предолго, истакнува во интервју за МИА, Едуард Кукан, кој во јули годинава по 10 години поминати во Европскиот парламент ја […]

Без струја денеска делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај


Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај. Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од населба Лисиче од улицата Архитект Сотир Томовски во општина Аеродром, од 8 до 17 часот, корисниците од населба Илинден, фирмите Суташ, […]

Сведочењето му обезбеди комотна позиција на разузнавачот


Единствено поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, со чие име се поврзуваа „бомбите“ што го срушија поранешниот режим, може да објасни што значеше неговото сведочење пред судот за случајот „Таргет-тврдина“, клучниот случај на СЈО, кој треба да го докаже масовното прислушување кое се правело во Управата за безбедност и контраразузнавање по наредба на тогашниот директор, Сашо Мијалков. […]

Заев во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Гутереш


САД– Премиерот Зоран Заев кој ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк, денеска треба да се сретне со генералниот секретар на Светката организација, Антонио Гутереш. Средбата, според агендата објавена на веб страницата на ОН, ќе биде во 11:45 часот по локално време. Заев вчера учествуваше на Форумот […]

Јанева треба да врши увид во доказите за „Рекет“


Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ денеска треба да изврши увид во доказите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал. Ова го најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска завчера кога заедно со Јанева беа во обвинителството за да бидат известени дека е завршена истражната постапка, по што Јанева беше вратена во […]

Германскиот Бундестаг денеска ќе даде зелено светло за преговорите


Германија– Германскиот Бундестаг денеска и официјално треба да даде зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија, а на седницата по покана од претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. Тој вчера во Берлин имаше средба со пратеникот во германскиот […]

Заев: Имаме мнозинска поддршка од граѓаните на ЕУ, не постои земја која има проблем со нас


Премиерот Зоран Заев е задоволен од изразената поддршката за остварување на евроинтегративните и евроатлантските процеси при одржаните средби со повеќе европски и светски лидери, за време на неговиот престој во Њујорк, по повод учеството на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН). -Овде ја користиме приликата да се видиме со сите лидери, имавме средба со дел […]

Заев: Владата има пет приоритетни цели до 2020


Пет приоритетни цели за одржлив развој на Владата на Републка Северна Македонија за периодот 2018-2020 година се без сиромаштија, квалитетно образование, пристојна работа и економски раст, климатска акција и силни институции за мир и правда, рече премиерот Зоран Заев обраќајќи на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од […]

Жителите на Усје го блокираа сообраќајот на „Борис Трајковски“ бараат фекална канализација


Жителите на населбата Усје во општина Кисела Вода попладнево го блокираа сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“. Жителите бараат изградба на секундарна мрежа на фекалната канализација. Сообраќајот е блокиран во двата правца.

Пендаровски најави затворање на барем четири македонски амбасади во странство


Во наредните недели ќе се дефинира списокот кои амбасади на земјава во странство ќе бидат затворени. Во моментот има 27 испразнети дипломатски позиции. Според анализата изготвена од МНР, постои предлог да бидат затворени најмалку четири амбасади, вели во интервју за ТВ Сител претседателот Стево Пендаровски. Пендаровски рече дека во завршна фаза се разговорите со релевантите […]

Боки 13 со својот адвокат направи увид на доказите за „Рекет“


Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска, провосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски заедно со неговиот адвокат Сашо Дуковски извршија увид во дел од доказите за слчајот. Дуковски нагласи дека е извршен увид на сите докази кои се готови до денеска, посочувајќи дека има одредени докази што  од технички причини не се готови. – […]

Независните го уловија Милошоски со „Северна“


Пратениците од независната пратеничка група го „уловија“ својот поранешен сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, дека го употребил новото уставно име на државата – во писмо што, како претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, го испратил до своите колеги во парламентите во Данска и во Холандија. Тие го поздравија гестот на Милошоски, донекаде и иронично […]

Димитров: Забрзаната евроинтеграција на регионот ќе придонесе за зголемена доверба меѓу соседите


Забрзаната европска интеграција на Западен Балкан ќе придонесе кон зголемена доверба меѓу соседите и предвидливост во регионалните случувања. Ние сме меѓузависни. Добрата вест од една држава помага на целиот регион. Лошите вести му наштетуваат. Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров на работниот појадок на министрите за надворешни работи од земјите од Процесот […]