СДСМ: Мицкоски маршираше по налог од Будимпешта


Веднаш по говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на маршот за правда, во кој Мицкоски побара обвинение за Зоран Заев, СДСМ се јави со соопштение во кое тврдат дека партијата и нејзиниот претседател „по налог од Будимпешта вечерва маршираа за правдата да не го стигне нивниот шеф Груевски и сите нивни функционери кои чекаат одговорност за сторените криминали.

Извршителот Мицкоски вечерва призна – најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство кој обезбедува продолжување на сите предмети, кој е темел за градење силно и независно судство и обвинителство.

Откако не му успеаја блокадите, деструкциите и заканите во Собранието, Мицкоски вечерва маршираше за неправда, против одговорност и против независно судство и како во годините на режимот со закануваа кон судии, обвинители, новинари и медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев и нивните шефови Груевски и Мицкоски. Тие ќе одговараат пред правдата. Тие се симбол на неправда и криминал“, се вели во соопштението на СДСМ.