Катица видела што кажале за неа Лиле Стефанова и другите обвинители


Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева вчера неколку часа вршеше увид во доказите кои ги собрало Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против нејзе. Јанева беше донесена во Обвинителството со полициска придружба, но поради куќниот ред на затворот во Шутка каде издржува притвор Јанева по три часа замина од Обвинителството, а увидот го […]

Протест во Куманово, жителите бараат нова одоводна мрежа


Жителите од улицата „Киро Фетак“ во Куманово денеска протестираа пред Општината и побараа да се реши проблемот со водоснабдување, да се замени старата дотраена водоводна цевка, бидејќи речиси три недели се без вода. Со транспаренти во рацете, тие побараа средба со кумановскиот градоначалник и брзо решение за нивниот проблем од надлежното претпријатие „Водовод“. Жителите од […]

Димовски: Нема да дозволиме во АНБ да работат луѓе кои имаат конфликт на интереси


Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски во интервју за МИА нагласува дека основен приоритет е да се заврши реформата и да отпочнат со работа како релевантен безбедносен субјект, што ќе има капацитет да одговори на современите безбедносни предизвици и да се грижи за националната безбедност. Пред за утре најавената работна посета на […]

Почина поранешниот тренер на ФК Вардар, Вишњевац


На 80-годишна возраст денеска почина поранешниот тренер на фудбалскиот клуб Вардар, Вукашин Вишњевац. Вишњевац во сезоната 1983/84 беше шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски клуб Вардар, и ќе остане запаметен како човекот кој ги лансираше Дарко Панчев, Драги Сетинов, Чедомир Јаневски и други. Освен како тренер, Вишњевац остави трага во Вардар и со тоа што целосно го реформираше спортскиот […]

Агенцијата за примена на јазици објави брошура за употреба на службените јазици


Агенцијата за примена на јазици објави брошура во електронска верзија за употреба на службените јазици, која има за цел да се информираат граѓаните во однос на нивните права кои произлегуваат од новиот закон за употреба на јазиците. Директорот на Агенцијата Илбер Села наведе дека јазичната рамноправност е една од највисоките вредности кои можеме ние како […]

Барокната градска куќа оди на продажба со одлука на Советот на Град Скопје


На денешната 41 седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, беше усвоена одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС, соопшти Град Скопје. – Денешнава седница ја отвораме со оваа точка затоа што во меѓувреме успеавме да […]

Од понеделник расчистување на опожарениот терен над велешкото езеро „Младост“


ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес од понеделник стартува со големата акција за расчистување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“, каде во големиот шумски пожар од 26 август годинава неповратно изгореа 409 хектари, од кои 200 хектари под борова шума. Љубинка Попова за МИА информира дека есенва мора да бидат исчистени сите опожарени локации, […]

Георгиески: За секоја дива градба ќе се постапува соодветно


Проблемот со дивоизградените објекти во Охрид е напластуван со години наназад, а последен пат нивно отстранување имаше во 2003 и 2004 година, смета градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, кој вели дека оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Според него, овој проблем не може да се реши во рок од […]

Од 1 ноември билет за едно возење во градскиот превоз во Скопје, цената 50 денари


Од 1 ноември ќе може да се купи билет за едно возење во автобусите на ЈСП и приватните прeвозници во Скопје. Цената, според одлуката на Советот на Град Скопје донесена денеска, ќе изнесува 50 денари. Станува збор за хартиен билет кој треба да ја пополни празнината која настана со воведување на картичката „Скопска“ на оние […]

Ќе се продава недовршената Градска куќа за 12,7 милиони евра


  Град Скопје ќе ја продава барокната Градска куќа која почна да ја гради поранешниот градоначалник Коце Трајановски, кој сѐ уште е во градба на улица „Лазар Личеноски“ бб (на Кејот на Вардар). Објектот, во кој требаше да се всели градската администрација, ќе се продава на јавна аукција, а почетната цена е 12,7 милиони евра. […]

Јовески: „Рекет“ се одвива без странични влијанија и со релевантни докази


Постапката за расветлување на аферата наречена „Рекет“ оди сеопфатно без странични влијанија со обезбедување релевантни докази против инволвираните во кривично правните дејствија, изјави денеска јавниот обвинител Љубомир Јовевски на панелот „Како против корупцијата“, во рамки на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во РСМ. Осврнувајќи се на борбата против корупција, Јовевски рече дека […]

Потребна поголема вклученост на мажите и заедничка борба со жените за родова еднаквост


За остварување на родова еднаквост потребно е поголемо единство помеѓу жените во борбата што ја водат, поддршка од мажите во таа борба, отстранување на сите стереотипи во општеството, и спроведување на заложбите и мерките во пракса, се генералните оценки на конференцијата „Улогата на мажите во родовата еднаквост“ што ја организира Националниот демократски институт во рамки […]

(Фото) Меси или Роналдо: Гласање со догорчиња


Екологијата зема замав, па се чини дека секој е загрижен за јавната чистота и правилно одлагање отпад. Во една таква иницијатива, на Фејсбук страницата „Не биди ѓубре“ се споделуваат фотографии за идеи за корпи за отпадоци, наменети за догорчињата од испушени цигари. Секој што некогаш учествувал во акција за расчистување јавна површина знае дека најтешко […]

Кукан: Ги исполнивте сите барања на ЕУ, треба да добиете датум во октомври


Вие направивте се што ЕУ побара од вас и може да имате позитивни очекувања за датум во октомври. Лично сметам дека Северна Македонија ќе добие датум за почнување на пристапните преговори. Чекавте на овој момент предолго, истакнува во интервју за МИА, Едуард Кукан, кој во јули годинава по 10 години поминати во Европскиот парламент ја […]

Бундестагот ќе даде зелено светло за преговори, но бара продолжување на реформите


Германскиот Бундестаг вечерва и официјално треба да даде зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија за Северна Македонија и за Албанија. Како што објави „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, земјава ќе добие „целосно зелено“ светло за почеток на преговорите, додека на Албанија Бундестагот ќе и даде „темно зелено“ светло. Според весникот, во одлуката на Бундестагот […]

Лавров: НАТО не добива ништо со влегувањето на Македонија


Во интервју за весникот „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека НАТО не добива ништо со пристапувањето на Црна Гора и Македонија во Алијансата. „НАТО не доби ништо за својата безбедност со влезот на Црна Гора и Северна Македонија, која се подготвува да влезе во Алијансата. Вовлекувањето на Србија во НАТО нема […]

Организатори за складирање мобилни телефони за поголема активност на основците во Карпош


Организатори за складирање мобилни телефони се поставени во десет основни училишта на територијата на општина Карпош. Учениците и наставникот имаат можност во еден од организаторите пред почеток на часот да го остават својот мобилен телефон и да си го земат по завршување на часовите. Се работи за пилот проект на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, поддржан […]

Заев-Рикер: Датумот за старт на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД


Северна Македонија во овој период е целосно фокусирана на обезбедувањето датумот за старт на преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредок во ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО, двете стратешки цели за државата за чие остварување САД дадоа огромен придонес. Ова го истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со високите претставници на […]

Кој се плаши од ревизија?


Речиси две години Собранието не може да избере главен државен ревизор, иако на конкурсот што беше распишан кон крајот на 2017 година се пријавија 12 кандидати. Процесот е заглавен во собраниската Комисија за избори и именувања, каде што распоредот на сили меѓу мнозинството и опозицијата практично е „пата-пата“, односно шест спрема шест, а одлучувачкиот 13. […]

Заев и Димитров се сретнаа со Палмер и Рикер во Њујорк


Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров еостварија средба со високите претставници на Стејт Департментот на САД, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан Метју Палмер – на маргините  на 74. Генерално собрание на ОН во Њујорк. На средбата, Заев, како што соопштија од владата, истакнал дека […]