Силниот ветар ничкосал најмалку 72 дрвја


Во Скопје се сумираат штетите од силниот ветер што го зафати гардот изминатата вечер. Во текот на ноќта, како и денеска беше интервенирано на поголем број локации.

Од Град Скопје информираа дека до 12 часот до јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ биле пристигнати 72 пријави за паднати дрвја. Екипите од секторот „Дрвореди“ од претпријатието досега интервенираа на 42 локации во сите општини во Скопје, а активностите ќе продолжат до целосното расчистување на теренот.

Големото невреме предизвика поголемо оштетување и на конструкцијата на покривот  на СУГС „Марија Кири-Склодовска“, каде што денес не се одржува настава и екипи на ЈП „Улици и патишта“ и Противпожарната бригада работат на расчистување на теренот. Оштетување е предизвикано и на објектот на СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“. (Фото: Б. Грдановски)