Идеолошки престап на „Бихаќска“


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА „Иницијативата за воведување прогресивен данок е исклучително добра, фер и праведна и ќе гарантира фер и праведно општество за сите, бидејќи парите од побогатите ќе се вратат кај најсиромашните и најзагрозените.“ Вака зборуваше премиерот Зоран Заев ова време минатата година, кога со тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски, со здружени сили, го …

Идеолошки престап на „Бихаќска“ Read More »

Мирисот на облеката


ЛЕЈЛА САБИТ По мирисот, а не по цената почнавме да ја избираме облеката. Дали пред продавницата ќе нè нокаутира мирисот на пластика, хемикалии и вештачки материјали, или мирис на чисто и на природни материјали кои траат повеќе и не ви ја трујат кожата, вас или околината. И луксузот во светот има цена, скапите модни колекции …

Мирисот на облеката Read More »

Една изборна единица е подобра и за големите партии


ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА Со години македонското општество дебатира за потребата од промена на изборниот модел, со Македонија како една изборна единица и со отворени листи, а некои велиме – и со еднаков број жени и мажи на листите. Резултатот е силно нарасната свест за потребата од вакви промени кај граѓаните и кај најголем дел од политичките …

Една изборна единица е подобра и за големите партии Read More »

Ноќ на вештерките


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ Ноќта на вештерките или Hallowe’en, исто така позната и како Ноќта спроти Сите Свети, станува празник кој го слават во многу земји, а полека почнува да се одбележува и кај нас, особено меѓу младите. Според некои научници, овој празник бил под влијание на западноевропскиот празник на жетвата и денот на мртвите. Други сметаат …

Ноќ на вештерките Read More »

Време за балканско рестартирање


ФЛОРИЈАН БИБЕР „Non“ на францускиот претседател Емануел Макрон за Албанија и Северна Македонија ја уби клучната стратегија на ЕУ за трансформација на регионот. Не само што членството во Европската Унија стана пооддалечено за двете балкански нации туку ги задуши и надежите на другите во регионот. Но тоа не мора да е лоша работа. Како што …

Време за балканско рестартирање Read More »

Повторно на патот кон исчезнување


ЕРОЛ РИЗАОВ Кога ги слушам професионалните тажалки и аматери нарикачи во хор со корисните будали како лелекаат и ја оплакуваат Македонија, иако е сè уште жива и здрава, знам дека повторно нè туркаат на патот кон исчезнување. Во ископан гроб спуштаат жив мртовец. Сакаат да ја распнат татковината на крстопат и да ја погребат за …

Повторно на патот кон исчезнување Read More »

Елитите паламудат, следбениците мнеат, независните мислат


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Ете, така ми се чини стојат работите денес кај нас. Кога станува збор за односот меѓу елитите и народот (масата), нам ни се случува токму тоа. Различните партиски поставени елити во политиката, образованието, економијата, културата, безбедноста, урбанизмот и во другите сфери на општеството, меѓусебно се обвинуваат за паламудење. Што во такви услови може …

Елитите паламудат, следбениците мнеат, независните мислат Read More »

Спасов можел и да го прошета светот


ФРОСИНА ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ Убиецот на Мартин Нешкоски последната дозвола од штипскиот суд за да прави операција ја добил на 31 јули. Урологот што го оперирал од кила му препорачал на Игор Спасов два месеца да мирува во домашни услови и на 18 септември во судот да донесе медицинска документација дека ги спровел медицинските зафати. Но Спасов …

Спасов можел и да го прошета светот Read More »

Што има во руската иницијатива на Макрон


МАРК ЛЕОНАРД Францускиот претседател Емануел Макрон е еден од оние лидери кој сака да го свитка лакот на историјата. Бидејќи ја засили француската политика, тој обезбеди позиции за неговите претпочитани кандидати на чело на Европската комисија и Европската централна банка и сега се обидува да ги подобри односите на Европа со Русија. Француските власти ја …

Што има во руската иницијатива на Макрон Read More »

Кој го потона овој брод?


СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Во Комисијата за европски прашања вчера се одржа расправа околу најлошата вест што ја прими нашата држава откако на самитот во Букурешт во 2008 година Грција ни стави вето на членството во НАТО. Овојпат веста е и пострашна, бидејќи нема веќе услов што треба да се исполни, а пораката од ЕУ е дека …

Кој го потона овој брод? Read More »

Отровни години


РУМЕНА БУЖАРОВСКА Не помина ни една недела откако една група мажиња сложно и ефикасно како никогаш досега не седнаа и не си договорија предвремени избори во април, кога ете, почнаа да се гледаат првите знаци на предизборниот хорор на кој сме жртви континуирано повеќе од една деценија. Почнуваат повторно на површина да испливуваат истите ликови …

Отровни години Read More »

Земјоделците протестираа и од арно


НАУМ КОТЕВСКИ Крајно несвојствено е да се гледа критички кон кој било протест на која било социјална група бидејќи по дефиниција тоа треба да е експлозија на незадоволство од политики на власта, јавен отпор кон методите за дехуманизација и држење на обичниот човек на маргините на општеството. И тој протест, без оглед што доаѓа од …

Земјоделците протестираа и од арно Read More »

Има ли прегратка за Македонија?


НИКОЛА ПОПОВСКИ Се сеќава ли некој кога Русите и Србите последен пат пред октомври 2019 година одржале заеднички воени вежби? Веројатно во октомври 1944 година кога Црвената армија им го ослободи од нацистите и домашните колаборационисти и им го врачи слободен Белград на политичките сили со лева ориентација во Србија, па продолжи кон Будимпешта и …

Има ли прегратка за Македонија? Read More »

Убаво спакувани (не)вистини


Никогаш нема да дознаеме дали доколку Никола Груевски успееше да формира влада по минатите парламентарни избори, ќе се оствареа предизборните ветувања за намалување на стапката на вработеност под 18 отсто до крајот на 2020 година, креирање на 70.000 нови работни места, помош од 4.000 евра за секоја фирма што ќе вработи стечаец и ќе му …

Убаво спакувани (не)вистини Read More »

Розово


ЛЕЈЛА САБИТ Нежни сте, се облекувате во розово, гледате на животот со розови очила или ја поддржувате кампањата против ракот на дојка? Цел живот розовата боја ве одредува дале сте девојче или жена, дали сте маж или геј, дали врзувате панделка во коса или ја закачувате на ревер, дали бркате позиција во општеството или ја …

Розово Read More »

Лекцијата од СОНК е дека најдобро се лови во матно


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Ако ништо друго, учениците, кои од 11 ноември нема да одат на настава – ако СОНК остане на најавата за генерален штрајк, ќе ја научат лекцијата дека најдобро се лови во матно. Таа животна лекција ја нема во учебниците од кои предаваат наставниците, кои во поголем дел, на 11 ноември, под водство …

Лекцијата од СОНК е дека најдобро се лови во матно Read More »

Македонско циганско лето 2019


АНЕТА ДИМОВСКА Погледнувам низ канцеларискиов прозорец повеќе пати во текот на денот. Иста сценографија во заднината: италијанската амбасада, пред неа стара зграда „маскирана“ со фасада во повеќе жолти нијанси, долу автомобили во различни бои во движење кои покрај издувни гасови емитуваат бучава. На моменти не ја забележувам, а во други ми влијае на концентрацијата. По …

Македонско циганско лето 2019 Read More »

Обновата почна со знамињата од Вергина


ЕРОЛ РИЗАОВ Работилниците за знамиња деновиве работеа во три смени со примамлива експресна нарачка. Се шиеја нови знамиња со шеснаесеткракото сонце од Вергина. Вечерта, на 23 октомври, на 126-годишнината од основањето на ВМРО, ја видовме првата обнова на Македонија од проектот на Христијан Мицкоски кога тргнаа вмровските конвои по скопските улици со по две тазе …

Обновата почна со знамињата од Вергина Read More »

Коалиција за обнова на груевизмот


ЃОРЃИ СПАСОВ Никола Груевски со својата коалиција „За подобра Македонија“ не успеа во 2016 година да ја задржи власта во свои раце. До крајот на април во 2017-та се обидуваше дури со грубо насилство да ја оневозможи промената на власта, но таа сепак се случи и започнаа промените. Ширењето страв од „Тиранската платформа“ не ја …

Коалиција за обнова на груевизмот Read More »

Удрете го еднаш судскиот чекан


ФРОСИНА ФАКОВА- СЕРАФИНОВИЌ Цела Македонија тагуваше за смртта на малечката Тамара, која почина чекајќи да ѝ биде одобрена операција на ‘рбетот во странство. Овој случај, без оглед  чија е вината, покажа дека здравствениот систем не функционира и дека партијата е над институциите. Истиот случај по неколку години покажа дека и институциите во системот не функционираат, …

Удрете го еднаш судскиот чекан Read More »