Фискалните политики и проекции во фокусот на средбата на Димитриеска-Кочоска со Мисијата на ММФ


Најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период, биле презентирани денеска на средба на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, со претставници на Меѓународниот монетарен фонд, предводени од шефот на мисијата, Ник Гигинешвили, и шефот на Канцеларијата на ММФ во Скопје, Себастијан Соса. – На средбата е истакнато дека македонската економија во […]

Горивата поевини за два денари на повеќето бензински пумпи, го применуваат попустот од ОКТА


Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и […]

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими – објавени и компаниите од кои граѓаните ќе можат да набават уреди


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека од денес, 18 март 2026 година, започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од 18 март до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе […]

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“


По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае […]

Земјоделците најавуваат зголемување на цените


Земјоделците очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат.  Претседателот на Националната федерација на фармерите, Стеванче Јорданоски, пред денешното Годишно собрание на Федерацијата изрази […]

Инфлацијата во еврозоната се зголемува


Инфлацијата во еврозоната се зголеми во февруари, како што првично се проценуваше, поттикната од побрзиот раст на цените во услужниот сектор и умерениот пад на трошоците за енергија, покажаа конечните податоци од Евростат објавени денеска. Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени регистрираше годишен пораст од 1,9 проценти по зголемувањето од 1,7 проценти во јануари. Стапката е […]

Исплатени 30 милиони евра субвенции за земјоделците, државата им должи уште 70 милиони


  БИТОЛА – За еден месец државата им исплати 30 милиони евра на земјоделците за субвенции. Дел од средствата се за заостанати субвенции од последните неколку години, а дел тековни. Пред само две недели земјоделците алармираа дека на државата ѝ се потребни 100 милиони евра за да исплати заостанати и тековни субвенции за да се […]

Канадски милијардер купува 26,9 отсто од „Економист“


Канадскиот милијардер Стивен Смит и неговата семејна холдинг компанија постигнаа договор за купување малцински удел во издавачот на списанието „Економист“, соопшти компанијата. „Смит“ и „Смит Фајненшл Корп.“ склучија договор за купување на 26,9% удел во „Економист Груп“ од постојните акционери, Лин Форестер де Ротшилд, нејзиното семејство и нејзината семејна фондација, соопштија компаниите во соопштенија испратени […]

Димитровски на Меѓународниот форум за ИМЕК во Трст: Инвестициите во енергетиката и поврзаноста во фокус


За Северна Македонија, како земја со ограничени домашни извори и висока увозна зависност, енергетската поврзаност и регионалната соработка се клучни предуслови за економска стабилност и долгорочен развој, а во таа насока се напорите на Владата за зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор – истакна заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на панел-дискусијата […]

УЈП дел од европската дебата за иднината на оданочувањето


Претставниците на Управата за јавни приходи активно учествуваа во европските дебати за современите даночни системи, стекнувајќи искуства и градејќи партнерства за иднината на оданочувањето. Во изминатите два дена, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошник директорката Тања Анчевска, учествуваа на Даночниот симпозиум на Европската унија, насловен „Иднината на оданочувањето: нееднаквост и […]

Полска сега е меѓу 20-те најголеми економии во светот. Еве како го постигна тоа


Пред една генерација, Полска го рационализираше шеќерот и брашното, додека на нејзините граѓани примаа една десетина од она што го заработуваа Западногерманците. Денес, економијата на земјата ја престигна Швајцарија и стана 20-та најголема во светот со повеќе од 1 билион долари (илјада милијарди) годишно производство, пишува АП. Тоа е историски скок од посткомунистичките урнатини од […]

Турција станува клучна за снабдувањето со енергија на Европа


Затворањето на Ормутскиот теснец на 28 февруари драматично ги промени глобалните енергетски текови, ставајќи ја Турција во центарот на архитектурата за снабдување со гас на Европа. Со прекинувањето на производството во Рас Лафан и Месаид од страна на Катар на почетокот на март и прогласувањето виша сила за договорите за гас кратко потоа, цените на […]

Илон Маск: Штедењето и пензиите повеќе немаат смисла поради револуцијата на вештачката интелигенција


Најбогатиот човек во светот тврди дека вештачката интелигенција и роботиката ќе ги направат штедењето и пензиите непотребни. Дали треба да се штеди за пензионирање или за тешки времиња? Според Илон Маск, тоа наскоро ќе стане целосно бескорисно. Милијардерот го изрази контроверзното мислење дека напредокот во вештачката интелигенција и роботиката ќе создаде свет со такво изобилство […]

Зошто цените на златото не растат за време на војната со Иран?


Додека војната во Иран е во својот 19-ти ден, цената на златото, кое обично се смета за безбедно засолниште во неизвесни времиња, остана изненадувачки стабилна. Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, конфликтот ескалираше низ целиот регион, зголемувајќи стравувања од домино ефект врз глобалната економија. Цените на акциите паднаа во последните […]

Европските берзи ги чекаат одлуките на големите банки: Пазарите стагнираат поради нестабилните цени на нафтата, златото и пченицата растат


Цените на енергијата и златото пораснаа, додека вредноста на еврото во однос на доларот малку падна. Федералните резерви на САД започнуваат дводневен состанок, а светските банки веројатно нема да ги намалат каматните стапки поради конфликтот на Блискиот Исток. Европските пазари денес стагнираат поради нестабилните цени на нафтата, кои пораснаа до четири проценти на отворањето на […]

ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите


ОКТА АД – Скопје потврдува дека претходно најавениот попуст е применет за сите трговци на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА. Оваа придобивка е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична […]

„Тиквеш“ со нов меѓународен успех: три златни и два сребрени медали на Vranac Selection by Concours Mondial de Bruxelles 2026


Вината на винаријата „Тиквеш“ освоија три златни и две сребрени медали на престижниот меѓународен вински натпревар Vranac Selection by Concours Mondial de Bruxelles 2026, уште еднаш потврдувајќи го нивниот висок квалитет и препознатлив карактер. Златни медали освоија вината Barovo Red 2022, Bela Voda Red 2022 и Luda Mara Vranec 2023, додека со сребрени медали беа […]

Донесен правилник за изработка на општински енергетски план


 Во Службен весник е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план, со кој за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, со што се става крај на ад-хок пристапот и се воведува ред, предвидливост и рамномерност во развојот […]

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика


 Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски.  Ристов денеска со седум гласа „за“, два против и ниеден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската […]

Пред два и пол месеци литар дизел чинеше 65 денари, а сега 92 денари


  За само два ипол месеци најупотребуваното гориво за автомобили кај нас, Еуродизелот, поскапе за над 40 отсто или за дури 27,5 денари. Слично е и со бензините, иако таму, поради традиционалната повисока цена од дизелот, поскапувањето е 16,5 денари, или околу 23 отсто. До каде ќе оди зголемувањето на цените, тоа никој во моментов […]