Евтината дневна тарифа за струјата ќе се зголеми на пет часа? Еве што вели првиот човек на РКЕ


Фото: Б. Грданоски

Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија – изјави Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) во интервју „ Аргумент плус„ на ТВ24.

„Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи, а тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем кој ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори, која е далеку поевтина од онаа што ја произведува ЕСМ, а државата ја субвенционира да стигне до граѓаните. Ние сме во нов енергетски период. Енергетиката е динамична, а наша цел како регулатори е евтината енергија да дојде до домаќинствата. Идејата е да се искористи хиперпродукција на електричната енергија од фотоволтаичните централи и истата да се стави во систем за да може да ја користат граѓаните и зошто ако можеме да дозволиме проширување на евтината дневна тарифа, тоа да се направи од два на пет часа. Ноќната тарифа ќе остане, но може ќе се помести периодот- да ги видиме резултатите од анализата што ќе покажат“ изјави Ацо Ристов, претседател на (РКЕ) во интервју за емисијата Аргумент на ТВ24.