Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари


Фото: Б. Грданоски

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54  денари – соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари.

За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.338 денари, за транспорт 5.041 денар…