Меѓународна агенција: Енергетската криза доаѓа. Секој што може нека работи од дома


Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) презентираше серија предлози за ублажување на притисокот врз цените на нафтата за потрошувачите, вклучувајќи работа од дома и избегнување на авионски патувања. Предлозите доаѓаат откако агенцијата овој месец се согласи на рекордно ослободување на нафта од стратешките резерви како одговор на последиците од војната меѓу САД и Израел со Иран, […]

Речиси 200 илјади возачи на камиони во САД остануваат без возачки дозволи, на удар имигрантите


Речиси 200.000 возачи на камиони кои работат во Соединетите Американски Држави се соочуваат со постепено укинување на нивните комерцијални возачки дозволи (CDL) бидејќи стапува во сила нова регулатива на Федералната администрација за безбедност на моторните возила, која значително ја ограничува подобноста на странците за такви дозволи. Новите регулативи го ограничуваат правото за добивање или обновување […]

Не можеме механички да ги преземаме мерките од други земји, вели Димитриеска-Кочоска


  Како резултат на кризата на Блискиот Исток сѐ уште апсолутно немаме никакви влијанија или пренесувања на цените. Состојбата се следи и ќе одговараме соодветно како што ќе се движи цената на нафтата, порача синоќа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на МТВ, Димитриеска-Кочоска најави дека доколку ескалира кризата ќе се направат приоритети и […]

Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија


Во Европската Унија лани 47,3 проценти од вкупно произведената електричната енергија е од обновливи извори на енергија (ОИЕ), а Македонија се доближува до овој просек, дури можеби и го надминува. Според Министерството за енегетика, рударство и минерални суровини, се уште нема збирен официјален податок за произведената електрична енергија кај нас од ОИЕ во 2025 година, […]

ЕЦБ ги остава каматните стапки во еврозоната непроменети, изгледите се неизвесни поради војната


Европската централна банка (ЕЦБ) во четврток ги потврди тековните каматни стапки во еврозоната, истакнувајќи ја значителната неизвесност поради војната на Блискиот Исток, која треба да ја зголеми инфлацијата на краток рок преку повисоки цени на енергијата и бавен економски раст. Каматната стапка за рефинансирање на банките ќе остане на 2,15 проценти, а каматната стапка за […]

Катар сигнализира можна повеќегодишна пауза во испораките на течен природен гас (LNG)


Иранските напади уништија 17 проценти од капацитетот за извоз на течен природен гас (LNG) во Катар и може да потрае од три до пет години за да се обнови, изјави во четврток директорот на „Катар Енерџи“, Саад ал-Каби, сигнализирајќи можна пауза во испораките за Италија, Белгија, Кина и Јужна Кореја. Два од 14-те постројки за […]

Нов заем од 40 милиони евра за втората фаза од инвестициите во образовната инфраструктура


Договор за заем вреден 40 милиони евра за реализација на втората фаза од инвестициите во образовната инфраструктура и договор за дополнителен грант од 1,25 милион евра за зголемување на енергетската ефикасност се потпишани денеска со Германската развојна банка КфВ. Како што информира Министерството за финансии, со договорот за заем се обезбедуваат дополнителни 40 милиони евра […]

Мисијата на ММФ во УЈП: Даночната дисциплина и реформите се основа за одржлив раст на приходите


 Растот на даночните приходи во 2025 година и позитивниот тренд во 2026 година не се случајност, туку резултат на системски мерки, истакна раководството на Управата за јавни приходи (УЈП) на средбата со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Ник Гигинеишвили, во рамки на мисијата за членот 4. Како што информира УЈП, состанокот помина […]

Нападот на Иран уништи 17 проценти од капацитетот на Катар за течен природен гас


  Катар би можел да се соочи со години намален извоз на природен гас откако иранските напади оштетија клучна енергетска инфраструктура, уништувајќи значителен дел од нејзиниот капацитет за производство на течен природен гас (ЛНГ), изјави за Ројтерс главниот извршен директор на „КатарЕнерџи“. Саад ал-Кааби рече дека нападите онеспособиле две од вкупно 14 производствени единици за […]

Изградбата на Коридорите 8 и 10 д нема да се финансира само од Буџетот, туку и од приходите на ЈПДП


Пратениците во рамки на денешната 94. седница дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д […]

Филипче најави предлог закони за намалување на цените на горивата и храната


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција најави дека ќе поднесе предлог-закони со кои ќе се намалат акцизите на горивата, ДДВ-то на основните прехранбени производи и преполовување на цената на патарините. Тој упати апел власта да ги прифати законските решенија со цел, како што рече,  да им се излезе во пресрет на потребите на […]

Ормуски теснец: Кој смее да плови, кој е заглавен


Де факто блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран предизвика стравувања од најлошото нарушување на глобалните испораки на нафта во историјата, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток влегува во својата трета недела. Блокадата го намали сообраќајот на бродови на минимум, со само 21 танкер што минуваат низ рутата од почетокот на војната на 28 февруари, […]

Вкупните депозити во февруари со годишен раст од 9,9 отсто, вкупната кредити со 12,6 отсто


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 12,6%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.

Просечната цена на струјата на HUPX берзата e 123,77 евра за мегават час, на МЕМО 110,08 евра


Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 март 2026 изнесува 123,77 евра за мегават час, на МЕМО 110,08 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 19 март 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 123,77 евра/mwh, додека на MEMO […]

Може ли нафтата да достигне 200 долари за барел? Веќе не се исклучува такво црно сценарио


  Може ли нафтата да достигне 200 долари за барел? Аналитичарите повеќе не мислат дека тоа е неверојатно. Тие предупредуваат и дека цените веројатно значително ќе пораснат ако Ормускиот теснец остане затворен. Кратко откако САД и Израел првпат го нападнаа Иран на 28 февруари, аналитичарите предупредија дека војната би можела да ги зголеми цените на […]

ССМ: Синдикалната минимална кошница за март 67.818 денари – за три месеци повисока за 2.326 денари


На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни 67.818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби, покажуваат податоците од Синдикалната минимална кошница што ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство […]

Федералните резерви на САД ги задржаа каматните стапки непроменети поради инфлацијата и војната


Централната банка на САД (Федерални резерви) вчера одлучи да ја задржи својата клучна каматна стапка непроменета, бидејќи креаторите на монетарната политика се справуваат со повисока од очекуваната инфлација, мешани сигнали од пазарот на трудот и последиците од војната. Во очекувана одлука, Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) гласаше со 11-1 за да ја задржи референтната […]

„Пепко“ влегува на македонскиот пазар – од јуни ги отвора своите продавници во Скопје


Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 година во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја. Отворањето го означува дебито на Pepco на македонскиот пазар и им нуди на потрошувачите нова дестинација за стилски секојдневни потреби со најдобра комбинација на цена и […]

Нафтата скокна над 110 долари по нападите на Блискиот Исток


Нападите врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток повторно го потресоа глобалниот пазар, а цената на нафтата отвори нов страв од поскапувања, инфлација и подлабока економска нестабилност. Цената на нафтата денес се искачи над 110 долари за барел, откако нападите врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток предизвикаа нов шок на светските пазари. Брент нафтата достигна 111,50 […]

Шокантни мерки во Словенија и Словачка за да се спречи „бензинскиот туризам“


  На бензинските пумпи на унгарската компанија МОЛ во Словенија, физичките лица ќе можат да полнат гориво со 30 литри, а правните лица или камионите со 200 литри по полнење, објавија словенечките медиуми во средата, додавајќи дека „Шел“l исто така воведува слични мерки, додека и Словачка најавува чекори против „бензинскиот туризам“ и ги зголемува цените […]