М6 Едукативен центар со нов регионален центар во Кавадарци
М6 Едукативен центар свечено го отвори својот нов регионален центар во Кавадарци кој претставува современ простор за учење, професионален развој, вмрежување и соработка помеѓу бизнис-заедницата, образовните институции и младите од Вардарскиот и Пелагонискиот регион.
Новите простории во Кавадарци се замислени како регионален едукативен и развоен хаб, наменет за реализација на професионални обуки, лидерски програми, настани, вмрежување и иницијативи што ќе придонесат за развој на вештините, иновациите и претприемачката култура во Вардарскиот и Пелагонискиот регион.
Настанот беше отворен со обраќање на Светозар Јаневски, основач на М6 Групацијата, кој ја истакна важноста на инвестициите во знаење, човечки капитал и современи образовни платформи како двигател на долгорочниот економски и општествен развој.

Извршната директорка на М6 Едукативен центар, Елена Младеновска Јеленковиќ, зборуваше за потребата од нови модели на учење и создавање современи центри кои ќе придонесат за развој на човечкиот потенцијал и подготовка за иднината т.е. визијата на М6 — да создава екосистем што ги поврзува образованието, компаниите и институциите со цел позитивна трансформација на општеството.Во своето обраќање, таа истакна:
Свое обраќање имаше и заменик-амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Michal Harari, која ја нагласи важноста на партнерствата помеѓу приватниот сектор и образованието, како и инвестициите во човечкиот капитал.
Центарот е отворен во рамки на иницијативата „Ангажирање на приватниот сектор“, како резултат на партнерството помеѓу М6 Едукативен центар, 30 македонски компании и проектот „Образование за вработување (E4E)“, имплементиран од Helvetas North Macedonia, со поддршка од Embassy of Switzerland in North Macedonia.
(Комерцијален текст)