Србија со речиси 7.000 новозаразени, починаа 37 пациенти


  Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 21.476 лице, што е најмногу досега за еден ден, а 6.842 биле позитивни, додека починаа 37 пациенти со Ковид-19. Според Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ Србија се 225 пациенти, што е нов црн рекорд. Денеска е соборен […]

Во Косово вчера регистрирани 13 починати и 609 заболени од Ковид-19


Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 939 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од корона вирусот. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 605 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 35.549. […]

Косовските амбасади од 2021 година ќе имаат и аташеа за култура


Косово– Амбасадите на Косово во светот во иднина, освен дипломатските и политички, ќе вршат и културни активности преку културните аташеа кои ќе бидат именувани во текот на 2021 година, јавија дописникот на МИА од Приштина. Ова е предвидено со договорот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и дијаспора и Министерството за култура, млади и спорт […]

Во Босна и Херцеговина има 1.186 новозаразени со корона вирусот, починаа 52


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.186 случаи со зараза од корона вирус, што претставува раст ово однос на вчерашниот ден кога имаше 547 новозаразени. Направени се 3.673 тестови, а починаа 52 пациенти. Во Федерацијата тестирани се 2.452 примероци, од кои 717 се позитивни, а досега тестирани се вкупно 265.599 […]

Од Ковид-19 во Хрватска починаа 47 пациенти, новозаразени 2.323


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 2.323 случаи на зараза со корона вирус. Активни се 19.161, објавија хрватските медиуми. Во болница се лекуваат 2.093 пациенти, а 244 на респиратор. Починаа 47 пациенти, со тп вкупниот број жртви изнесува 1.445. До денеска од Ковид-19 забоела 108.014 лица,  а оздравеа 87.408. Тестирани се вкупно 692.048, […]

Во Словенија рекорден број починати – 59


Во Словенија, 59 лица починаа од корона вирус во последните 24 часа, што е рекорден број, а потврдени се нови 1.302 случаи. Како што беше објавено на Твитер профилот на словенечката Влада, во болниците има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега, пренесува агенцијата СТА. 

Карантинот во Грција нема да заврши на 30 ноември


Сценариото за укинување на карантинот и олабавување на рестриктивните мерки во Грција на 1 декември, се чини дека сѐ повеќе се оддалечува, а поверојатно е дека забраната за движење ќе биде дополнително продолжена и по 30 ноември, наведе министерот за здравство и владиниот портпарол, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција, […]

Бившата на Борисов место со телохранители шета со кученце


Цветелина Бориславова е  една од најуспешните и најбогати Бугарки, која е позната и по тоа дека е поранешна девојка на премиерот Бојко Борисов. Деновиве таа била „фатена“ од фоторепортерите како шета по улиците на Софија без телохранители. Недостигот на мускулест маж околу неа сепак, според бугарските медиуми,  не значи дека нема кој да ја заштити […]

Тирана светна во новогодишно руво


Албанија– Албанскиот главен град, Тирана, светна во новогодишно руво. Голема новогодишна елка е поставена во центарот на Тирана, на плоштадот „Скендер бег“,а светилките ги запалија помала група деца поради забраната за групирање на повеќе од десет лица. Во пораката упатена до граѓаните, градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај рече дека Тирана, иако помина низ тешкотии оваа […]

Забранети посетите на Тачи и припадниците на ОВК во притворот во Хаг


Поранешните политички и воени лидери на ОВК, кои се приведени од Специјалниот суд во Хаг, можат само преку видо врска да комуницираат со членовите на своите семејства, а никој не може физички да ги посети. Оваа информација ја потврди Специјалниот суд во Хаг. -Посетите во притворската единица во моментов не се можни поради ограничувачките мерки […]

ГП Евзони затворен за сообраќај поради штрајк на грчките цариници


Поради штрајк на грчките царински служби Граничниот премин „Евзони“ ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од денеска од 5 часот, па до утре 5, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи. – Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН “Богородица“ е информиран од раководител на смена на ГП „Евзони“ дека поради 24-часовен […]

Словенец со години го криел телото на покојната мајка поради пензијата


Словенечката полиција уапси 67-годишен маж, кој повеќе години го криел телото на покојната мајка, тврдеји дека е жива, за да ја добива нејзината пензија. Полицијата била алармирана од роднини на жената, која би имала 97 години, кои барале да ја посетат, а нејзиниот син постојано одбивал. Телото на починатата жена било пронајдено во станот на […]

Во Албанија 795 новозаразени,388 оздравени и 17 починати од Ковид-19


Во Албанија во последното деноноќие регистрирана е висока бројка на новозаразени и рекоден број починати. -Во изминатите 24 часа, од 2.352 тестирани сомнителни случаи, корона вирусот е дијагностициран кај 795 лица што е 34 отсто од тестраните,што е највик процент на позитивни од тестираните. Во исто време регистрирана е највисока бројка на починати или 17, […]

Во Грција регистрирани 1.388 нови случаи, починаа 84 лица од Ковид-19


Намален е бројот, како на новозаразени, така и на смртни случаи во Грција во изминатите 24 часа, според официјалните податоци соопштени на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Регистрирани се 1.388 нови случаи, а починаа 84 лица, додека пак 549 лица се приклучени на апарати, девет […]

Во Босна и Херцеговина висок број починати од Ковид-19, дури 66, новозаразени 547


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се само 1.390 примероци на корона вирус, од кои позитивни се 547. Но, починаа 66 пациенти со Ковид-19. Во Федерацијата тестирани се 983 примероци, а 362 биле позитивни на вирусот. Досега се тестирани 263.147 примероци, а позитивни на корона вирус биле 51.320 луѓе. До денеска […]

Србија повторно со повеќе од 5.000 заразени, починаа 38


  Сpоред последните информации, во Србија регистрирани се 5.067 нови случаи со корона вирус, а починаа 38 пациенти. Тестирани се 15.601 примерок, а а респиратор има 216 пациенти. Во болница се лекуваат 6.329 заболени, а стапката на смртност е 0,98 отсто. Од почетокот на епидемијата тестирани се 1.638.709 луше, а регистрирани 126.187 позитивни на корона […]

Државна поддршка од 120 милиони евра за грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“


Грчката влада со 120 милиони евра, финансиски ќе ја поддржи авиокомпанијата „Ејџиан ерлајнс“, како дел од планот „за праведна поделба на товарот меѓу државата и приватните акционери“, соопшти денеска портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина. На денешниот редовен брифинг со новинарите објасни декаспоред владиниот план во зголемување на капиталот […]

Споменикоманија во Србија: Вучиќ ќе има поголем споменик од Груевски


Среде главниот град на Србија наскоро ќе никне најголемиот споменик на Балканот. За српските власти споменикот на Стефан Немања е историски долг. За критичарите, тоа е монументализам ослободен од естетика како во Скопје „Тоа ќе биде најголемиот споменик на Балканот“, гордо раскажува за весникот Зидојче цајтунг, Олег Нашкарјов. Тој е атомски инженер од Москва, задолжен […]

Претседателот Мета и сопругата казнети за непочитување на мерката за забрана за групирање


Албанскиот претседател Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, казнети се со парична казна поради непочитување на забраната за групирање на повеќе од 10 лица. Тие присуствувале на роденденската забава на познатиот албански актер Бес Калаку(35) организрана во угостителски објект во селото Лакна, општина Колоња. Казнет е и […]

Епископот што го служеше опелото за Иренеј заразен од Ковид


Српскиот епископ Давид е заразен со коронавирус и е хоспитализиран,  објави РТС. Тој вчера го служеше погребното опело и литургијата на погребот на патријархот Иринеј. Како што потврди РТС, епископот Давид бил тестиран по погребот на патријархот и наодот бил позитивен.Тој нема пневмонија, но поради симптоми на кашлица бил сместен во болница.