Во Хрватска нови 1.850 случаи на зараза, а починаа 65 лица


 

Во последните 24 часа забележани се 1.850 нови случаи на корона вирус, во Хрватска, а активни има вкупно 8.301.

Меѓу нив 2.608 пациенти се на болничко лекување, од кои 240 пациенти се на респиратор.

Починаа 65 пациенти или вкупно 3.860.

Досега во Хрватска од Ковид-19 заболеа 208.446. а оздравеа 196.285.

Во самоизолација се 23.094 лица.

Вкупно се тестирани 1.010.668 лица, од кои 6.322 во последните 24 часа.