Во Сисак и Петриња, повеќе од 5.000 ученици останаа без своите училишта


На подрачјето на Сисак, Глина и Петриња, најпогодени од вчерашниот разорнен земјотрес, пет училишта се целосно неупотребливи, додека девет ќе можат да се санираат, изјави хрватскиот министер за наука и образование Радован Фухс.

Тој додаде дека 13 училишта се употребливи.

– Пет училишта се целосно неупотребливи, девет ќе можат да се санираат, но потребни се сериозни реконструкции и имаме тринаесет училишта кои ќе можат да функционираат, рече министерот пред новинарите пред владината седница, пренесува Н1..

Во Сисак 3.489 ученици останаа без училиште, а во Петриња 1.843, прецизираше министерот.