Хрватската Влада го прогласи 2 јануари за Ден на жалост

Хрватскатра Влада на денешната седница го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во Хрватска поради жртвите од вчерашниот силен земјотрес.

– За ова се консултирав и со претседателот на Републиката и претседателот на Саборот. И тие ја поддржуваат оваа одлука, изјав и премиерот Анддреј Пленковиќ на денешната владина седница, што ја почна со една минута молк за загинатите во земјотресот.

Во земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала загинаа седум луѓе.