Преку видео повик до амбасадите Грците кои живеат во странство ќе можат да добијат потврди и изводи

Без физичко присуство, преку видео повик, Грците кои живеат во странство ќе можат да побараат издавање на одредени потврди и  изводи преку новата платформа што е пробно пуштена во употреба во дипломатските претставништва на Грција во Велика Британија, во Њујорк и Торонто, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку платформата myConsulLive.gov.gr заинтересираните ќе можат да закажат видео повик со амбасадите и конзулатите и ќе имаат можат да добијат потврда за постојан престој во странство; потврда за брачен статус или извод од матична книга на родени; потврда за престој;  копии или извадоци од изводи; изјави за корисник на пензија, како и поднесување барања или изјави до дипломатското претставништво.

Конкретната платформа, на состанок со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја презентираа надлежните министри за надворешни работи и за дигитална политика Никос Дендиас и Кирјакос Пиеракакис, а се очекува во следниот период да биде достапна и во Диселдорф, Истанбул, Бостон и Перт.